Промена на поддршката | Сегашна поддршка: |
Latest topics | » Imitrex Cluster HeadachesЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин » Buy generic cialis online nowЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин » Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative CareЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettileЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico differenzeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин » Dating mount sterling. Dating line new york 20.Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин » Homoepathic Medicines And TreatmentЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин » casino poker videoСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин » мобимет знакомстваСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин » Wellnigh as cut-price as filesСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин |
| | Се кратат правата на работниците | |
| | Автор | Порака |
---|
S0tE
Број на мислења : 547 Age : 31 Локација : Prilep Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Се кратат правата на работниците Чет Окт 23, 2008 1:01 pm | |
| Наместо максимум 26 дена одмор, работниците ќе можат да искористат најмногу 20 дена одмор годишно
Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека измените во Законот за работни односи им ги скратуваат правата на работниците. ССМ строго се противи на начинот на кој Собранието на последната седница ги изгласа предлог-измените на Законот, без притоа да се консултира со сите релевантни социјални партнери, меѓу кои се ССМ и Организацијата на работодавци.
„Ова претставува класичен нокаут на социјалното партнерство во Македонија, кое одредени структури сакаат да го срушат. Сојузот на синдикатите ќе направи се' за да ги оспори измените во Законот за работни односи“, рече портпаролот на ССМ Пецо Грујовски на вчерашната прес-конференција.
Освен забелешките околу начинот на кој се изгласани измените, Сојузот не се согласува со неколку од новите одредби. Првата забелешка на ССМ се однесува на обврската на Фондот за ПИОМ и Фондот за здравство да му доделат фотокопија на вработениот од неговите документи за осигурување. Со измените во Законот, се укинува оваа обврска.
„На овој начин работникот нема да има документ и континуиран увид за тоа дали работодавецот ги исполнува законските обврски за негово задолжително социјално осигурување“, објасни Грујовски.
Втората промена во Законот се однесува на склучувањето договор за работен однос на определено време. Рокот е продолжен од четири на пет години. Според ССМ, согласно со меѓународните конвенции, работниот однос на неопределено време претставува правило, а само во исклучителни случаи се применува институтот „засновање работен однос на определено време“. „Затоа ССМ се залага за пократок рок на склучување на договорите за вработување за да не се случи новите вработувања во државата да бидат најчесто на определено време, со што се зголемува и несигурноста за материјалната положба на вработените“, рече Грујовски.
Третата промена во Законот за работни односи е бришење на обврската при отказ од деловни причини работодавецот да му понуди на работникот договор за вработување под променети услови, односно доквалификација и преквалификација. Според ССМ, на овој начин се кршат одредбите на меѓународните конвенции. Исто така, со измените, работодавецот може секого да го избрка и другиот ден да прими друг работник, што е спротивно на препораката број 166 за престанување на работниот однос.
Со најновите измени, ноќната смена повторно претставува проблем. „Едвај ССМ успеа со закон да го ограничи времето кога работникот може да работи во ноќна смена. Пред измените, работникот можеше да работи во ноќна смена најдолго една недела. Сега се овозможува работодавецот да му наложи на работникот неограничено да работи во ноќната смена“, објасни Грујовски.
Измените што ги изгласа Собранието, според Сојузот, создале и проблеми во однос на правата за годишен одмор. „Законодавецот дал можност работодавецот да му го скрати правото на годишен одмор на работникот, а за тоа да му даде минимално обесштетување“, забележува Грујовски. Бројот на денови за одмор, исто така, се намалени. Од ССМ забележуваат дека наместо максимумот од 26 дена годишен одмор, со измените работниците ќе можат да искористат најмногу 20 дена одмор годишно.
Со измените, исто така, се укинува и работната книшка како документ, со цел да се воведе електронска евиденција на вработените во рок од два месеца. Според Сојузот на синдикатите, рокот за воведување на електронската евиденција е неостварлив.
Поради начинот на кој се донесени измените во Законот за работни односи и поради непримерноста на измените, од ССМ апелираат до претседателот Црвенковски да не го потпише указот за изменетиот Закон за работни односи, бараат итна седница на Економско-социјалниот совет и најавуваат жалби до Европската комисија. | |
| | | Dimce*
Број на мислења : 431 Age : 35 Локација : Skopje(Topansko city) Registration date : 2008-10-20
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Чет Окт 23, 2008 2:14 pm | |
| За оваа тема..мислам дека не иде у предвид за економскиот живот на целата земја,а посебно од гледна точка за целокупното стопанство во државате,тоа вио го кажувам од стручност и сакам да го пренесам на другите дека не е тоа баш најдобро,затоа што многу работници ќе изгубиме,а поточно оние кои се трудат и нацистина работат како што треба во позитивна наскоа,а што е најлошо тука ќе бидеме и слаби во поглед на политиката.аа тоа е кога имаме лоша влада,лошо односи на сите партии во нашата држава и кога дозволуваме сите да ни се мешаат од надвор
Последната промена е направена од @komita@ на Нед Ное 16, 2008 8:38 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : ПИШУВАЈ КИРИЛИЦА!!!!) | |
| | | S0tE
Број на мислења : 547 Age : 31 Локација : Prilep Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Чет Окт 23, 2008 5:37 pm | |
| | |
| | | [G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Нед Окт 26, 2008 2:15 am | |
| Многу се 20, десет дена од сега :D:D:D | |
| | | @komita@ Модератор
Број на мислења : 690 Age : 33 Registration date : 2008-10-27
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Пет Ное 07, 2008 1:06 pm | |
| хххх ова со новиве закони ке се врати изгледа робовладетлско општество, не мислите вие така? | |
| | | Dimce*
Број на мислења : 431 Age : 35 Локација : Skopje(Topansko city) Registration date : 2008-10-20
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Пет Ное 07, 2008 6:50 pm | |
| да комита,како било порано така се враќа се,овој животот ко да доаѓа наопаку | |
| | | [G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Саб Ное 08, 2008 3:31 am | |
| дошја нож до коску! готово више! | |
| | | Иво Админ
Број на мислења : 711 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2008-10-19
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Саб Ное 08, 2008 1:19 pm | |
| малку ни е ова..треба уште полошо да не снајде | |
| | | @komita@ Модератор
Број на мислења : 690 Age : 33 Registration date : 2008-10-27
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Саб Ное 08, 2008 3:39 pm | |
| да ти кажам право можеби и имас право бидејки толку мирен народ како Македонскиот ниту е видено ниту ке се види они не молзат а ние си кутиме кој знае кога ке се опаметиме | |
| | | Иво Админ
Број на мислења : 711 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2008-10-19
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Саб Ное 08, 2008 3:55 pm | |
| Да на тоа јас мислев...можеби некогаш ќе проработи свеста кај нас па ќе се бунтуваме..фактички како у апсурдна ситуација да се наоѓаме..и за да излеземе треба БУНТ..ама кога... | |
| | | @komita@ Модератор
Број на мислења : 690 Age : 33 Registration date : 2008-10-27
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците Пон Ное 17, 2008 11:06 pm | |
| Кога се знае !!!! Ние Македонсите на крајот кога ке дојде нож до коска | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Се кратат правата на работниците | |
| |
| | | | Се кратат правата на работниците | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |