CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Гоце Делчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Гоце Делчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Гоце Делчев Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
Иво (711)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
@komita@ (690)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
Ane (624)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
S0tE (547)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
Dimce* (431)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
Plavuska (394)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 
ivan4e (111)
Гоце Делчев Vote_lcapГоце Делчев Voting_barГоце Делчев Vote_rcap 

 

 Гоце Делчев

Go down 
2 posters
АвторПорака
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Гоце Делчев Empty
ПишувањеПредмет: Гоце Делчев   Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:18 pm

Гоце Делчев (1872 – 1903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).
Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894[1] каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Уставот на ТМОРО, напишан од Гоце Делчев

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со целиот македонски народ!" [2](Пејо Јаворов, "Гоце Делчев" стр. 231).

Свидетелство подпишано от Гоце Делчев како учител во Бугарското училиште во Штип.

На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Серез. Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Во Бугарија во чест на Гоце Делчев во 1951 година е преименуван градот Неврокоп. Постојат повеќе споменици на Гоце Делчев, како на пример во Благоевград, Русе, Софија и Варна.
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Гоце Делчев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гоце Делчев   Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:18 pm

Мисли на Гоце Делчев

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите."
„Ќе удри утринската зора и за нас..."
„Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива."
„Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!"
„Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“.
„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух".
„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население."
„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница."
„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце".
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
„Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
Иво
Админ
Админ
Иво


Male Број на мислења : 711
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2008-10-19

Гоце Делчев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гоце Делчев   Гоце Делчев Icon_minitimeЧет Окт 30, 2008 12:20 pm

Гоце Делчев 397154225px-Goce_Delchev_1
Вратете се на почетокот Go down
https://coolzone-mk.aforumfree.com
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Гоце Делчев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гоце Делчев   Гоце Делчев Icon_minitimeВто Ное 18, 2008 3:31 pm




Гоце Делчев и неговата верна дружина
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Гоце Делчев Empty
ПишувањеПредмет: Re: Гоце Делчев   Гоце Делчев Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Гоце Делчев
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: