Мислам дека овде можам да ставам нешто и за мозокот
Неверојатни факти за човечкиот мозок!Низ историјата се среќаваме со многу митови и факти за човечкиот мозок. Сега е откриено дека тоа се само неточни податоци.
Дали луѓето со поголем мозок се поинтелегентни? Прашањата како ова ги мачи луѓето со векови, митовите како оној дека луѓето користат само 10 проценти од мозокот ги разоткриле водечките светски неуролози Sandra Aamodt и Sam Wang во новата фасцинантна книга "Добредојдовте во својот мозок". Објасниле некои од тајните на нашата сива материја.
Факт: Не можете сами да се скокоткате!
Кога лекар прегледува скокотлив пациент, ја става на својата рака дланката на пациентот, и тоа го спречува скокоткањето. Зошто? Затоа што мозокот следи што се случува околу вас. Пациентот нема да го почувствува скокоткањето бидејќи мозокот ќе претпостави дека го допира неговата рака.
Мит: Користиме само 10 проценти од мозокот!
Иако половина од светската популација го мисли тоа, вистина е дека го користиме целиот мозок секој ден. За мит, кој се задржал толку долго, погрешно е што го слушаме само она што сакаме да го слушнеме. Проучувањето на мозокот покажало дека и за наједноставните задачи се активира цел мозок.
Факт: Со прозевањето го будиме мозокот!
Прозевањето го поврзуваме со поспаноста и досадните активности, но вистина е дека не разбудува. Самото прозевање внесува воздух во белите дробови и кислород во крвта што не одржува будни. Интересно е тоа дека прозевањето навистина е заразно, но само кај луѓето. Не се знае точно зошто.
Мит: Слепите луѓе слушаат подобро!
Докажано е дека слепите луѓе не слушаат подобро од оние што гледаат. Но вистина е дека имаат подобра меморија. Бидејќи не можат да се наслонат на видот, мораат се да запомнат и така го имаат изострено делот од мозокот кој е задолжен за тоа.
Факт: Игрите на компјутер ни помагаат да вршиме повеќе работи одеднаш!
Воените игри, кои родителите најмногу ги мразат, не обврзуваат да следиме повеќе работи од еднаш. На тој начин го тренираме мозокот за вистинскиот живот.
Мит: Оние со поголем мозок се попаметни!
Големината на мозокот не ја одразува вашата интелегенција.
Факт: Физичката активност го одржува вашиот мозок во форма!
Како што вашето тело старее, така потешко носи кислород до мозокот. Физичката активност, како брзото одење најмалку 30 минути по неколку пати во неделата, ќе го подобри вашиот крвоток.