CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Јане Сандански Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Јане Сандански Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Јане Сандански Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Јане Сандански Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
Иво (711)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
@komita@ (690)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
Ane (624)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
S0tE (547)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
Dimce* (431)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
Plavuska (394)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 
ivan4e (111)
Јане Сандански Vote_lcapЈане Сандански Voting_barЈане Сандански Vote_rcap 

 

 Јане Сандански

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Јане Сандански Empty
ПишувањеПредмет: Јане Сандански   Јане Сандански Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 12:56 am

Јане Сандански (18 мај 1872 – 10 април 1915) е македонски револуционер, раководител и војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

Зачетоци на револуционерна дејност

Роден е на 18 мај 1872 год. во с. Влахи, Мелничко (Сандански, Пиринска Македонија), Бугарија. Потекнува од семејство на земјоделци. Татко му, Иван Сандански, е знаменосец на Кресненското востание, по кое семејството емигрирало во Кнежеството Бугариjа, во градот Дупница, каде завршува основно образование и втори клас гимназија. Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает; две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Уште во гимназијата почнува да чита револуционерна литература, којашто во него побудува една романтично чуство за долг кон татковината. Од 1892 до 1894 година Сандански служи во Тринаесети пешадиски рилски полк на бугарската војска.[1] Во 1895 година стапува во контакт со четата на стариот ајдутин Стојо, и се вклучува во неговата чета - во која што се и офицерот Тома Давидов и студентот Кирил Прличев (син на Григор Прличев). Четата навлегува во Македонија (Серско) и го пали турското село Доспат, во коешто има турска касарна. Потоа прави уште едно навлегување со чета.

Во 1897 година, во Дупница, заедно со 7 други млади Македонци го основа друштвото "Младост", коешто има за цел самообразование и дружење. Две години е претседател на друштвото.

Во редовите на ВМОРО


Движењата во Македонија рано го привлекуваат. Ја сфатил природата на врховистичката акција во Македонија, и си наложил додека добро не се запознае со проблемите на македонското револуционерно движење да не учествува во никакви акции. Во 1899 година, првин од Никола Малешевски а потоа и од Гоце Делчев, Сандански бил запознаен со целите на ВМОРО, каде и официјално станува член.

Во февруари 1899 година Сандански станува како директор на дупничкиот затвор. Го реорганизира македонското друштво во Дупница, кадешто се запознава со Димо Xаџи Димов којшто во тоа време учителствува во Дупница. Подоцна тука се запознава и со истакнатите револуционери како Крсто Асенов, Тодор Паница со кои ќе го формира интелектуалното јадро на Серскиот револуционерен округ.

Сандански успева да издејствува, додека Борис Сарафов е претседател на Врховниот Комитет, да му бидат дадени пушки и муниција. Но кога Борис Сарафов е уапсен и на негово место доаѓа генерал Цончев (којшто е човек на бугарскиот кнез), од 1900 година доаѓа во судир со политиката на врховизмот во Македонија. Со помошта на Гоце Делчев, Сандански формира своја чета со којашто во 1900 година навлегува во Македонија (Пирински дел) со агитациона цел.

Тој го минува Џумајскиот, Разлошкиот и други краеви, вршејќи подготвителна работа во служба на Внатрешната Организација. Тој го затекнува тамошното население неупатено кон делото, и неорганизирано - Сандански е првиот организатор во Пиринскиот дел. Во текот на три месеца обиколување, меѓу населението агитира да се купуваат пушки, но знаејќи дека населението е во страшна сиромаштија, а и дека од ВМОК ништо не може дда очекува, Сандански се решава да направи киднапирање.

Аферата Мис Стон


Со цел да се здобие со пари со коишто ќе го вооружи населението за револуционерна борба, заедно со Сава Михајлов, Андон Ќосето, Андреја Докурчев, Спиро Петров и Бугарите Крсто Асенов и Христо Чернопеев (кои му стануваат „десна рака“), Сандански го извршува познатото киднапирање на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон.

Грабнувањето го извршува во август 1901 година, на патот кон село Банско - киднапирани се самата мис Стон, и нејзината преведувачка Цилка (од македонска народност). Сандански пишува писмо до Американската амбасада, и до турските власти со барање на 25 000 златни лири откуп. Турските власти, одбиваат да платат, знаејќи дека тоа ќе им го наруши угледот како империја и во Пиринска Македонија испраќаат многуилјадна војска со цел да се ослободат заложниците, и да се ликвидира четата на Сандански.

Веста за заробувањето брзо се распространува низ Европа и Америка и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимава со сензационалниот настан. Околу „разбојниците“ и животот на двете заробени дами од планините се создадаваат легенди. Двете заробенички се радуваат на максималниот комфор, коишто можат да им дадат во селските куќи по Разлошко, Џумајско и Малешевско и се предмет на најголемо внимание и грижи од страна на четата и месните комитети.

Кога дознаваат дека Цилка е трудна, и е на пат да се породи, четниците на Сандански презмаат мерки за да биде приготвено најнеопходното за очекуваното новороденче. На 21 декември во текот на ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка потпомогната од две жени коишто војводата ги повикува од селото, среќно се породува и добива девојче.

И покрај многуилјадната војска испратена во Пиринско, која како по обичај го измачува населението, Турците не успеваат да го фатат Сандански, кој води 3 успешни битки со турски потери. Неговата чета исто така е напаѓана и од Врховистичката чета на војводата Дончо Златков (којшто откако чул дека американците вршат притисок за плаќање, се обидуваат да ги земат заложничките од Сандански). Сето тоа доведува откупот да се намали на 14 000 лири.

Кога сфаќаат дека Сандански не може да биде фатен, откупот се плаќа. Договорено е откупот да им биде однесен на луѓето на Сандански од страна на шефот на протестантската мисија во Македонија, др. Хаус.

Откупот од 14 500 турски лири е добиен на 20 јануари 1902 г. во Банско, а жените се ослободени на 10 февруари 1902 г. крај с. Градошорци, Струмичко.

Добиените пари се даваат за оружје и муниција, неопходни за револуционерна борба, а голем дел од нив оди и за борбата против Врховистите.

Пред и по Илинденското востание

Во 1902 година е ангажиран на ширењето и зацврстувањето на Организацијата и на лечење на раните од врховистичката оружена провокација во Горноџумајско. Жестоко се противи за намерите востанието предвремено да се предизвика. Води битка против решението на Солунскиот конгрес (1903 година) за подигање на востание.

Сепак во почетокот на септември е одржан конгрес во Серскиот револуционерен округ на кое е решено востанието во округот да започне на Крстовден 14 септември 1903 година и да има партизански карактер.

По востанието како претседател на Серскиот револуционерен округ ја предводи левицата на македонското револуционерно движење. Неговата основна цел е да ја сочува целоста на Македонија. Жестоко ги прегонува врховистичките чети од Серскиот револуционерен округ. Особено е знаменит судирот со здружената чета на капетан Јордан Стојанов во април 1905 година кај село Кашина, Мелничко.

Учествува на Рилскиот конгрес во октомври 1905 година. По конгресот судирот помеѓу двете теченија на Организацијата доведува до расцеп. Во тој период Сандански доаѓа до заклучок дека „македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “ треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат“ .
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Јане Сандански Empty
ПишувањеПредмет: Re: Јане Сандански   Јане Сандански Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 12:58 am

Учество во Илинденското востание


Иако бил против востанието не можел да остане на дире од борбата кога таа се разгорела. Се дошло до решение за заедничка борба со четите на Врховниот македоно-одрински комитет. Во Мелничко соединетите чети на Јане Сандански, Јордан Стојанов, Петар Дрвингов, Димитар Зографов, Михаил Чаков, Стојан Малчанков (околу 160 души) на 30 август се судруваат со турски аскер. На следниот ден аскерот напаѓа на селото Пирин, во кое биле четите на Иван Цончев и Анастас Јанков (околу 250 души). Заранта на 1 септември во најкритичкиот момент на борбата на помош доаѓаат четите на Јане Сандански и Јордан Стојанов кои и го паразуваат аскерот. Потоа се префрлат во Неврокопско над селото Брезница. Од таму Сандански се враќа во Мелничко, а истовремено врховистите напаѓаат аскерот во селата Обидим и Разлог, со што го кршат планот на востанието. Тие и други села се запалени, а врховистичките чети бегаат преку границата во Бугарија. Востанието пропаѓа и Сандански оди во Дупница.


Борба против Врховистите


Серскиот округ, поради неговата географска положба требало да ја сноси на свој грб и борбата не само со аскерот туку и со великобугарскиот шовинизам, претставуван од Кобурзите и лакомата бугарска буржоазија. Во 1900 година започнала борбата со врховистите. Јане Сандански веднаш застанал на страна на внатрешната организација. Врховниот комитет му пратил манлихерки и му наредил да ги сокрие на Сандански. Тој така и направил, но најмногу се скарале додека за претседател бил поставен Цончев. Сандански дошол до заклучок дека треба да се соберат пари за да се купи оружје кое ќе се испраќа во Македонија. Борис Сарафов му ветил дека ќе му испрати вооружување. Потоа кај него дошол Саев кој му потерал пушки а Сандански го одбил. Истото го сторил и кога му испраќале телеграми од Врховниот комитет но тој повторно одбивал. Во опозиција во комитетот останал само тој, Ѓорче Петров и Малешевски. Со тоа започнала и меѓусебната борба. Кога увиделе дека групата на Сандански цврсто се спротиставува, Борис Сарафов го откажал конгресот. Спорот за пушките останал нерасчистен. Борис Сарафов бил уапсен каде подоцна ги убедувал да застанат на негова страна но Сандански во тоа го одбил.


Со тоа уште повеќе се засилувала борбата со врховистите. Групата на Сандански агитирала низ народот за да му се објасни целта на Организацијата, за што се подготвувала, објаснувала дека Организацијата е за кревање на востание но под друѓи околности и не тогаш кога сакале врховистите. Групата на Сандански ги објаснувала разликите помеѓу нив и врховистите, дека „врховистите се луѓе на бугарскиот двор, дека сакаат да ги предберат во свои раце нишките на Организацијата, за да можат да си играт како што сакаат со ослободителното дело“ . Со нивното востание што го пропагирале, врховистите сакале првин да ги дезорганизираат “противниците“ а потоа како офицери потпомогнати од Русија и Бугарија да го кренат востанието. Групата на Сандански го убедувала народот дека Македонија не е бугарско прашање туку прашање на самата Македонија и на цела Европа и дека Бугарија не може сама да ја решава судбината на македонскиот народ. Во селото Полена граѓаните го критикувале за парите добиени од аферата со Мис Стон, но тој им докажал дека не е отишол никаде низ Европа и дека е на агитирање низ цела Македонија против врховистите.

Меѓу првите судири дошло кога Саракинов и Спанчовалиев започнале со грабежи и разни пљачкосувања низ селата. Групата на Сандански ја повикала на помош демирхисарската и неврокопската чета. Од четата на врховистите паднале 5 души а останатите побегнале. На 6 август на Преображение Господне Саракинов со 13 мина избегал во Бугарија. По 10 август 1902 година, повторно се судриле кај Мандрата каде имало една жртва од неговата група( тоа било некое момче од четата на дедо Иљо). Потоа Јане Сандански добивал писма од Петричко и Кресенско во кои го молеле да дојде за да им помогне во откинувањето на врховистите. Така тој заедно со уште 38 војводи тргнале кон Кресничко. Кога се искачиле на Пирин еден Влав им кажал дека врховистите веќе кренале Горноџумајското востание и дека аскерот веќе бил во движење. Во 1905 година голема врховистичка чета отишла во мелничката околија, каде Сандански ја опсадува оваа чета и ги принудува да се предадат, ги обезоружува и ги враќа назад во Бугарија.


За сите борби против врховизмот раскажува и писмото упатено од дипломатот Боп до Морис Рувие, претседател на Министерскиот совет во кое се вели: „ ... Четите на Андон и Стојанов беа упатени од страна на Комитетот за да ја уништат онаа на Сандански. ...Онаа особено на Сандански чија парола е „Македонија на Македонците“, дејствува во пиринската области се повеќе се зајакнува“.

Во време на Младотурската револуција


По Рилскиот конгрес, целата дејност на Сандански се основа на неговата определба за самостојноста на Македонското ослободително движење. По расцепот на конгресот, влегува во контакт со Младотурскиот комитет. По младотурската револуција се залага за автономна Македонија и легален политички живот. Во 1908 година се создава Македонско-одринска револуционерна организација (МОРО) претежно од дејци од „серската група“, кои агитираат низ цела Македонија за создавањето на новата организација. Во тоа време врз него е извршен атентат од страна на врховистот Тане Николов, при што е ранет. Поради тоа основачкиот конгрес на МОРО не се одржува. Нешто подоцна групите на Сандански и Чернопеев ја формираат Народната федеративна партија, во која зазема активно учество во создавањето и раководењето. Нејзината програма предвидувала Отоманската империја да се реформира како Источна федерација и да се образуваат самоуправни вилаети: Македонија, Албанија, Ерменија... 1909 година е извршен втори атентат врз него од страна на врховистите, при што исто така е лесно повреден. Извршители на овој атентат се Владо Сланков, Филип Атанасов и Михаил Чеков, а како организатори се споменуваат Димитар Ризов, бугарски дипломат родум од Битола и публицистот Никола Наумов од Штип, кој постојано престојувал во Солун како дописник на Бугарската телеграфска агенција, секако со логистика на бугарските и австриските тајени служби. Со своите единици учествува во задушувањето на реакциониот бунт во Цариград против младотурската власт. Познат е неговиот манифест од 18 јули 1908 година ги поканува малдотурците за соработка „ врз база на една платформа во која беа најважни барањата за решавање на аграрното прашање, за обласна самоуправа на Македонија во рамките на Отоманската империја како и водење борба со легални средства.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Јане Сандански Empty
ПишувањеПредмет: Re: Јане Сандански   Јане Сандански Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:04 am

Учество во Балканските војни 1912-1913

Учествува во Првата балканска војна на страната на Балканскиот сојуз со јасно барање за самостојна македонска држава. Организира самостоен одред со повеќе од 500 четници и на 30 октомври ослободува Мелник. Заедно со четите на Стоју Хаџиев, Георги Казепов, Александар Бујнов, К.Чапришков, И.Чонтев и Димитар Арнаудов заземаат Рупелската клисура, со што овозможуваат поразот на турскиот Струмски корпус. Како претходница на 7-ма Рилска дивизија, околу 300 четници - кавалеристи на Јане Сандански заедно со кавалеријата на мајор Цонев влегуваат во Солун веднаш по предавањето на градот на Грците од страна на Таксим паша на 8-ми ноември 1912 година. Следниот ден во Солун влегуваат 7-мата Рилска дивизија и грчки трупи. Таму, според пишувањето на неговиот другар Јане Богатинов, на банкет даден од генерал Тодоров, на којшто присуствувале и неговите другари Стоју Хаџиев, Д.Арнаудов, Георги Казепов, Димитар Икономов и др. Јане Сандански одржал здравица и рекол, дека пие за здравјето на новата држава автономна Македонија. Тогаш сите офицери, кои присуствувале на банкетот едновремено ги извадиле своите сабји и започнале да заплашуваат и велат дека за такви зборови глави ќе паѓат и јазици ќе сечат и дека не за тоа е пролиено толку бугарска крв. Скоро по тоа го напушта Солун.

За време на Втората балканска војна, кога грците го запалиле Кукуш и вршеле геноцид над македонскиот народ, Јане Сандански наново ја собрал четата и ја зазел Рупелската клисура. Со тоа ги прекинал врските на грцката војска, што овозможило таа да биде поразена од бугарската војска кај селото Бело поле,Џумајско.

Убиство

По парчосувањето на Македонија, Сандански решава да ги казни злосторниците, најповеќе царот Фердинанд. Заедно со Михаил Герџиков и Крсто Станчев формирале делегација со цел да ги запознаат со решението Александар Стамболијски (лидер на Бугарскиот земјоделски национален сојуз), Александар Малинов (демократската партија), Иван Гешов (народњак), Андреј Љапчев, Никола Генадиеви други. Го посетиле дури Егзархот Јосиф I. Но ваквите предлози не наишле на подршка. Наскоро по тоа, во пролетта на 1915 г., бил затворен А.Стамболијски, со кого Ј.Сандански најчесто контактирал поради реализацијата на намерата да го убијат Фердинанд. Заради својата непомирлива борба за самостојна Македонија, и за да ѝ се расчисти патот на Бугарија кон нова освојувачка војна, по наредба на кнезот Фердинанд е убиен во Пирин на 22 април (10 април по старо) 1915 година.

Бугарско гледиште за Јане Сандански

Во Бугарија се смета дека Сандански е еден од контроверзните бугарски револуционери, кој ја започнал братоубиствената војна во ВМРО. Тој како деец на ВМОРО се залагал за создавање на автономна власт во Македонија и Одринско.[2] Тој бил еден од основачите на Бугарското крило [3] на Народната федеративна партија во Турско. Во Бугарија се изнесува дека през 1908 г. Бранислав Нушиќ во весникот „Политика“ го интервјуира и опишува Сандански како Бугарин, [4] исто како и весникот „Вашингтон пост“ [5]. Во Бугарија во чест на Сандански е преименуван е градот Свети врач. Постојат и споменици на Сандански, како на пример во Благоевград и Софија.

Мисли на Јане Сандански


* „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот - за совршенство"

* „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." - Писмо до грците, жители на Мелник, 1904 година.

* „Јас не го чекам брзото ослободување на Македонија. Тоа може да не дојде дури и во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам, и ако тоа се случи тој ќе ја добие својата слобода."

Рекоа за него

* „Јане ја разви тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другото течение се предале на бугарската влада. Тој објаснуваше во општи линии, дека треба да се работи за будење на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, затоа што тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги заробат. “ - Стефан Кемилев

* „...бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејки неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија.Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест“ - Елефтериос Ставридис



Галерија


Јане Сандански Jane_Sandanski

Јане Сандански Jane_Sandanski_1

Јане Сандански Sandanski_Hadzhidimov
Јане Сандански Jane_Sandanski_3
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Јане Сандански Empty
ПишувањеПредмет: Re: Јане Сандански   Јане Сандански Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Јане Сандански
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: