Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Мише Развигоров Саб Ное 22, 2008 1:22 am | |
| Роден е во Штип, на 28 октомври 1873 година. Завршил педагошко училиште и се занимавал со учителска дејност. Како учител во Штип, во учебната 1893-1894 година, се зближил со Д. Груев и Г. Делчев и преку нив влегол во редовите на МРО. За време на Виничката афера (1897) паднал во затвор. Бил осуден на доживотен затвор и испратен во Подрум Кале, Мала Азија, од каде бил пуштен со амнестија во 1902 година. Оди за малку на одмор во Бугарија и потоа, во1903 год. се враќа како војвода на чета и дејствува во Штипската околија. Во 1906 година станал член на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ на ВМОРО. На 2 април 1907 година, наоѓајќи се во Хисарското Маако во Штип, во куќата на Петар Брашнаров, бил предаден и сардисан од турскиот аскер. По повеќечасовна борба , кога целото маало било во пламен, несакајќи жив да им падне во рацете на Турците, заедно со уште двајца соборци (Петар Жабата и Милан Крстев) се самоубил. | |
|