Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Павел Христов Саб Ное 22, 2008 1:36 am | |
| Роден е во с. Цапари, Битолско, во 1874 година. Завршил педагошко училиште и извесно време работел како учител. Во редовите на ТМОРО влегол во 1894 година и набрзо станал еден од нејзините раководители во Прилеп, Битола, Кичево, Костур и други места, каде што го ширел револуционерното дело. Повеќе години бил раководител и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ. За време на Илинденското востание дејствувал во Леринско и Костурско. Во 1910-1911 година, е задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во Балканските војни води чета во Битолско. Во 1915-18 е окружен финансиски раководител, а подоцна окружен државник на Битола. Умрел на 6 јуни 1922 година во Софија од туберколоза, во тешка мизерија. | |
|