| Најнови ВЕСТИ | |
|
|
Автор | Порака |
---|
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Најнови ВЕСТИ Сре Окт 22, 2008 8:23 pm | |
| Грција нема право да и' наметнува име на Македонија, оцени претседателот на Балканскиот политички клуб и поранешен претседател на Бугарија, Жељу Желев.Тој во интервју за радиото „Дојче веле“, програма на бугарски јазик, посочи дека името и идентитетот на еден народ и држава се егзистенцијално прашање и суверено право на сопствен избор.
- Кога станува збор за такви егзистенцијални политички проблеми на еден народ, на една држава, не може друга држава да диктира како да се нарекува таа. Јас на Грците многупати сум им кажал - вие едноставно не знаете што сакате. На која основа и' го одрекувате правото на Република Македонија да се нарекува Република Македонија? Таа постоела во југословенската федерација речиси половина век со тоа име - истакна Желев.
Според него, несоодветна е и привремената референца.
- Сите републики, кои стекнаа независност по распадот на федерацијата, се бивши југословенски републики. Зашто не сакате тогаш и Хрватска да се нарекува бивша југословенска република Хрватска, бивша југословенска република Словенија, бивша југословенска република Србија? Зошто само кон Македонија да се применува тој остракизам? - прашува поранешниот претседател на Бугарија.
ИЗВОР - ДНЕВНИК | |
|
| |
S0tE
Број на мислења : 547 Age : 31 Локација : Prilep Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Сре Окт 22, 2008 8:52 pm | |
| Искрено јас не се занимавам со политика , а и не ме интересира | |
|
| |
Ane
Број на мислења : 624 Age : 27 Локација : Скопје,Т0панск0 Registration date : 2008-10-19
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Сре Окт 22, 2008 9:09 pm | |
| имам попаметни работи од политиката... | |
|
| |
S0tE
Број на мислења : 547 Age : 31 Локација : Prilep Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Сре Окт 22, 2008 9:28 pm | |
| | |
|
| |
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Пет Окт 24, 2008 2:35 pm | |
| Јас па ич не се занимавам со политиката ама еве да придонесев нешто за форумот - „Политика и вести“ | |
|
| |
?????? Гостин
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Саб Окт 25, 2008 1:55 am | |
| политиката им ја оставам на поголемите од мене тие си се платени со тоа да се замараат јас имам мн попаметни и поважни работи од сето тоа ама од друга страна никогаш нема да дозвлоам некој да ме нарекува славо македонец или како и да сака јас сум роден МАКЕДОНЕЦ жевеам во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и ќе умрам како МАКЕДОНЕЦ па тие како сакаат нека ме викаат јас во срцето и душата сум МАКЕДОНЕЦ....
>>>>ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА<<<<<<< |
|
| |
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Саб Окт 25, 2008 1:59 am | |
| Еве една подолга вест Бомбата што го уби Иво Пуканиќ ја стресе Хрватска
Новинарот имаше многу непријатели, но како можни нарачатели најчесто се спомнуваат балканските тутунски босови
Лимузината на Пуканиќ била сосема разнесена од детонацијата
Иво Пуканиќ, новинар и сопственик на хрватскиот неделник „Национал“, е убиен во центарот на Загреб со бомба активирана кога влегувал во својот автомобил.Бомбата била активирана кога Пуканиќ и неговиот пријател Нико Фрањиќ, стручњак за маркетинг во „Национал“, приоѓале кон автомобилот „лексус“, паркиран пред седиштето на весникот. Стравотната експлозија на место ги убила двајцата, а возилото пламнало и изгорело. Силната детонација повредила двајца техничари во просториите на „Национал“, каде што имало и дваесетина студенти од новинарската академија на неделникот.
- Беше страшно. Слушнавме стравотна детонација и притрчавме кон прозорецот. Автомобилот гореше, а покрај него лежеа две тела. Го препознав Пуканиќ. Почна метеж, пристигнаа полиција, итна помош и пожарникари - изјави една студентка од академијата.
Бомбата била активирана во 18.20 часот, кога улиците на Загреб биле преполни со минувачи. Само половина час пред тоа пред седиштето на „Национал“ поминала голема група навивачи на холандскиот фудбалски клуб НЕК, кои дошле да го следат мечот со „Динамо“.Полицијата објави дека бомбата била поставена во мопед до автомобило. Попладнето беше објавен и фоторобот на маж, кој бил снимен како го паркира мопедот до лимузината на Пуканиќ.
- Во експлозијата на непозната експлозивна направа сосема е уништен автомобил, а загинаа две лица. Во овој момент полицијата на може да исклучи ниту еден мотив за убиството. Пуканиќ во последно време не пријавил закани во полицијата, а физичка заштита имаше од април до 1 август 2008 година, кога тој режим беше променет. Тогаш беше решено повремено да се обиколуваат неговиот стан и работното место, што полицијата го правеше до денеска - изјави полицискиот началник Крунослав Боровец.
БИОГРАФИЈА Иво Пуканиќ (47) во 1995 година го основа неделникот „Национал“, кој вообичаено објавуваше ексклузивни написи за хрватското и балканското подземје и за организираниот криминал. Единствен од сите новинари одржуваше контакти со Хрвое Петрач, а го направи и единственото интервју со Анте Готовина додека осомничениот воен злосторник беше во бегство. Во 1999 беше прогласен за новинар на годината во Хрватска. | |
|
| |
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Нед Окт 26, 2008 2:09 am | |
| Скопје, 25 октомври (МИА) - На 26 октомври (недела) почнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовниците еден час наназад, времето во недела рано изутрина во 3 часот ќе се смета како 2 часот. Зимското сметање на времето ќе трае до 29 март 2009 година. Тоооо....еден саат повише спиење ...зззззЗЗЗззЗзз | |
|
| |
@komita@ Модератор
Број на мислења : 690 Age : 33 Registration date : 2008-10-27
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Пон Ное 17, 2008 11:01 pm | |
| Еден саат повеке спиење само тогаш кога се врака времето после пак по старо | |
|
| |
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Сре Ное 19, 2008 11:52 pm | |
| Сега си е пак по старо.. | |
|
| |
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Саб Ное 22, 2008 6:26 pm | |
| Памела Андерсон ГО ИМА РЕШЕНИЕТО
Памела Андерсон го повика Барак Обама да ја легализира марихуаната, бидејќи според нејзино мислење, тоа дополнително би го дополнило државниот буџет и би обезбедило нови работни места.
Во отвореното писмо до Обама, Памела освен што наведе дека владата на САД би можела да заработи многу доколку дозволи масовно да се одгледува марихуана, го потсети претседателот и на значењето на вегетаријанската исхрана која според нејзино мислење би ја искоренила гладта во светот и до крах би ја довела прехрамбената индустрија која "ја загадува нашата планета и убива недолжни животни".
Памела апелира до владата и дека мора да ги кастрира сите педофили.
Популарната ѕвезда на крајот од писмото (кое во оргинал изобилува со граматички грешки), му порача на Обама да ги врати американските трупи дома и да го затвори озлогласениот Гвантанамо. | |
|
| |
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Нед Ное 23, 2008 12:58 am | |
| цццц.... Бај д веи Хилари Клинтон се премисли и сега е државен секретар на Америка! | |
|
| |
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Нед Ное 23, 2008 2:28 pm | |
| Министерството за одбрана на САД соопшти дека било нападнато од компјутерски вирус. - Знаеме за постоењето на глобален вирус, кој е забележан во нашите мрежи. Ги преземаме сите мерки за да го отстраниме, изјави портпаролот на Пентагон Брајан Витман.
Тој не наведе каков е вирусот, ниту дали се погодени тајните компјутерски мрежи.
За да се спречи пренесувањето на вирусот забрането е користење на мемориски картички (УСБ).
Пентагон има околу 17.000 локални и регионални компјутерски мрежи и околу седум милиони компјутери. | |
|
| |
[G]irL4[E] Модератор
Број на мислења : 1887 Age : 31 Локација : pred PC ;) Registration date : 2008-10-25
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ Нед Ное 23, 2008 6:25 pm | |
| Шведскиот Парламент го ратификува Лисабонскиот договор Стокхолм, 21 ноември (МИА) - Шведскиот Парламент доцна синоќа по долга расправа со мнозинство гласови го ратификува Лисабонскиот договор. За договорот се изјасниле 243 пратеници, против биле 39, а воздржани 13. - Шведска е една од земјите кои можат најмногу да го загубат влијанието доколку Договорот не беше одобрен, изјави шведскиот министер за европски прашања Сесилија Малстром. Лисабонскиот договор треба да стапи на сила на 1 јануари 2009 година, откако ќе биде ратификуван во сите 27 земји-членки на ЕУ. Иднината на овој договор е неизвесна, бидејќи Ирците веќе го отфрлија на референдум кој се одржа во јуни годинава. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Најнови ВЕСТИ | |
| |
|
| |
| Најнови ВЕСТИ | |
|