Антон Панов (Стар Дојран, 13 април 1906 – Струмица, 28 август 1968) е македонски писател. Тој е роден во куќата на сиромашен рибарски трговец. Познато е дека и мајка му потекнува од сиромашна рибарска фамилија. Основно училиште и првите четири класа гимназија ги заврши во Струмица, а од петтиот до осмиот клас учи во Белград, не завршувајќи ја гимназијата. Меѓутоа паралелно со гимназијата, Панов посетува и музичко ушилиште во Белград каде што учи виолина и соло пеење. Во фокусот на неговиот интерес беа музиката и драмата.
Во македонската литература Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик беше забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3.03.1936 година, а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.
Книжевна продукција
Панов напишал повеќе прозни и сценски текстови.
* Роденденот на Серјожа Јегоркин (расказ, 1928)
* Тимка (расказ, 1930)
* Го јаделе болви (расказ, 1930)
* Печалбари (драма, 1936) [1]
* Стега / Вероника (драма, 1939)
* Препородени (драма, 1950)
* Самракот (драма, 1951)
* Градинар (драма, 1958)
* Пиликатник (драма, 1959)