Промена на поддршката | Сегашна поддршка: |
Latest topics | » Imitrex Cluster HeadachesЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин » Buy generic cialis online nowЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин » Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative CareЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettileЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин » Comprare Viagra. viagra generico differenzeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин » Dating mount sterling. Dating line new york 20.Чет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин » Homoepathic Medicines And TreatmentЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин » casino poker videoСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин » мобимет знакомстваСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин » Wellnigh as cut-price as filesСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин |
| | Методија Шаторов - Шарло | |
| | Автор | Порака |
---|
Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Методија Шаторов - Шарло Пет Ное 21, 2008 4:53 pm | |
| Методија Шаторов - Шарло (Прилеп, 10 јануари 1897 - Пазарџик, 4 септември 1944) е македонски комунист, национален деец и борец за самостојна македонска држава. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство, тој е исклучен од КПЈ, а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугариjа тоа се смета за бугарски партизан.
Рани години Основно образование завршил во Прилеп, а педагошка школа во Битола и во 1914/1915 година ја завршил Учителската школа во Скопје. При крајот на 1918 година емигрира во Бугарија. Во 1920 година станува член на Бугарската комунистичка партија, а во 1923 година зема учество во Септемвриското востание. Во 1925 година станува член на Окружниот комитет за Софија и на ВМРО (Обединета). Во декември 1927 година учествува на Втората конференција на БКП во Берлин, при што е избран за член на ЦК на БКП.
Кон крајот на 1928 година е уапсен и останува во затвор до јули 1929 година, кога е ослободен. По излегувањето од затвор Шарло емигрира во СССР, каде што работи како функционер во Коминтерната. Во Бугарија илегално се враќа во 1934 година и се вклучува во активностите на ВМРО (Обединета). Во 1935 година повторно е суден во Софија како член на Обласниот комитет на ВМРО (Об.) заедно со Димитар Влахов, Васил Ивановски и други. По ослободувањето повторно заминува во СССР, а оттаму, во февруари 1937 година оди во Париз каде е раководител на Техничкиот пункт на ЦК на БРП(к) за учесниците на Шпанската граѓанска војна. Во Париз останува до ноември 1939 година, кога се враќа во Прилеп.
Раководење со комунистичкото движење во Вардарска Македонија
Шарло се враќа во Македонија во време кога поради честите провали во редовите на Комунистичката партија во Македонија, партиската организација во Македонија е значително ослабната. Поради тоа врз основа на договор помеѓу КПЈ и Коминтерната, во пролетта 1940 година Шарло преминува во членство на КПЈ и на Првата партиска конференција за Македонија одржана на 8 септември е избран за политички секретар на ПК КПЈ за Македонија. Учесник е на Петтата земска конференција на КПЈ во октомври 1940 година во Загреб, на која е избран за член на ЦК КПЈ. На оваа конференција Шарло остава забележителен впечаток со својата дискусија против српската колонизација на Македонија.
Неполн месец по окупацијата на Македонија од страна на Бугарија во април 1941 година, Шарло го упатува своето „Писмо до Стојана“ во кое го истакнува ставот дека Македонија не е ослободена од страна на бугарските војски, туку дека една туѓа власт е заменета со друга туѓа власт и дека народот всушност не ја добил својата слобода. Набрзо потоа, согласно тогашната политика на СССР и Коминтерната, ја приклучува Комунистичката партија во Македонија кон Бугарската комунистичка партија, но се противи на нејзината организациска поделба на два обласни комитети (Скопски и Битолски), аналогно на окупаторската административна поделба, и бара од БКП партиската организација во Пиринска Македонија да ја припои кон партиската организација во Вардарска Македонија.
На 17 август 1941 година, Методија Шаторов-Шарло свика и одржа партиско советување во Скопје. На ова советување присуствуваа секретари на месните комитети во Македонија под бугарската управа. На ова советување, по покана од Шарло, присуствува Петар Богданов, член на ЦК на Бугарската работничка партија (комунисти), а не е поканет Драган Павловиќ, делегат на ЦК на КПЈ, кој на 17 август бил присутен во Скопје да присуствува на ова советување. (Историјски архив КПЈ, Том 7, Београд 1951, стр. 42, 43). Бане Андреев, учесник на советувањето соопштува следното: "Шарло го отвори советувањето и констатира дека од цела Македонија присуствуваат делегати, освен од партиските организации под италијанска окупација. Сите го потврдија ставот на Шарло и на Бугарската Работничка партија, се изјаснија против ставот на Комунистичката партија на Југославија и осудата (од ЦК на КПЈ з.м.) против Шарло. По завршената дискусија и завршниот збор, била поднесена резолуција од страна на Шарло со која му се дава доверба, се одобрува неговата досегашна политика и работа, се одобрува политиката на Покраинскиот комитет под неговото раководство, како и приклучување на македонската партиска организација на Бугарската работничка партија (комунисти). Сите присутни делегати гласале за Шарловата политика со што ја одобриле неговата политика, со исклучок на Перо Георгиевски-Чича.
Вера Ацева тврди: Директивата да не се собира оружје на Месниот комитет на Прилеп ја пренесе Киро Петрески-Димуш. Наместо да се собира оружјето што беше расфрлено на сите страни од старата југословенска војска, оружјето му се препушти на окупаторот (види: "Прилеп и Прилепско во НОВ 1941°, Скопје 1976, стр. 32,33). Дека Шарло дал усна директива да не се собира оружје не тврди само Вера Ацева, туку го тврди тоа и ЦК на БРП (к) во писмото до ЦК на КПЈ, испратено кон крајот на август 1941 година. Во ова писмо, меѓу другото, се наведува следното: "Согласни сме дека другарот Стари (Шарло, з.м.) направи груби политички и организациони грешки (предавање на оружје, советска Македонија, непартиско однесување спрема Југославија), за кое го осудуваме и за кое заслужува казна° (види: Историјски архив КПЈ, том 7, Белград, 1951, док. бр. 21, стр. 51).
Припојувањето на организацијата за (Вардарска) Македонија кон БКП од страна на Шарло наидува на осуда кај раководството на КПЈ, кое реагира во врска со тоа кај Коминтерната. Коминтерната зазема став во прилог на КПЈ, по што Комунистичката партија во Македонија е вратена во составот на КПЈ, а Шарло е сменет од функцијата секретар на Покраинскиот комитет и е исклучен од КПЈ. Како причина за тоа е и истакнувањето на паролата за Советска Македонија од страна на Шарло, која била спротивна на тогашната ориентација кон народни фронтови на комунистичките партии и која се сметала за секташки ориентирана.
Враќање во Бугарија и загинување Споменик на Методија Шаторов во Пазарџик, Бугарија
По исклучувањето од КПЈ, Шарло заминува во Скопскиот партизански одред, но набрзо добива писмо од Покраинското раководство за Македонија да го напушти одредот. Шарло упатува и писмо до ЦК КПЈ во кое бара да се вклучи во партизанското движење во Македонија, но не добива позитивен одговор. Целосно отфрлен од КПЈ, во октомври Шарло оди во Софиjа, каде што се става на располагање на ЦК БКП. Во јануари 1942 година станува секретар на Софискиот окружен комитет на ЦК БКП. До 1944 година извршува разни задачи во рамките на бугарското антифашистичко движење, при што меѓу другото е политички комесар на Третата оперативна зона со средиште во Пазарџик. На 4 септември 1944 година, само неколку дена пред ослободувањето на Бугарија од страна на Црвената Армија, при една акција на бугарската војска против партизаните, во фазата на повлекување пред непријателот, Шарло а загинува под неразјаснети околности во месноста Милеви Скали кај Пазарџик. Според официјалната верзија, Шарло е убиен од непријателски оган, но подоцнежните истраги посочуваат на моменти кои се во спротивност со првобитната верзија. Имено, се знае дека Шарло бил во судир со Љубен Гумнаров и е можно неговото убиство да било испланирано од негова страна, па дури и со знаење на раковоството на БКП. Меѓу верзиите што кружат е и таа дека Шарло е убиен со цел да се одоброволи југословенското комунистичко раковоство на чело со Јосип Броз Тито.
Шаторов е погребан во Пазарџик, каде што му е подигнат споменик и каде што и денес се наоѓа неговиот гроб. | |
| | | Go Ka Модератор
Број на мислења : 2188 Age : 29 Локација : Струмица Registration date : 2008-10-22
| Предмет: Re: Методија Шаторов - Шарло Пет Ное 21, 2008 4:56 pm | |
| Значењето на ШарлоПрво како една од водечките фигури на ВМРО (Обединета), а потоа и како водач на комунистичкото движење во Македонија, Шарло се залагал за самостојна и обединета држава на македонскиот народ. Покрај тоа, во архивите на некогашната Коминтерна се откриени документи според кои Методија Шаторов постојано се изјаснувал како Македонец. Тој се смета уште за еден од најзаслужните за тоа што Коминтерната и Бугарската комунистичка партија го признале постоењето на македонскиот народ. Постоjат и други ставови: Вера Ацева го тврди следното: "Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам" (види: "Дискусија на Вера Ацева, Скопје во НОВ, 1941", Скопје, 1973, стр. 379).[1] Поради неговите автономистички и пробугарски заложби кои беа во спротивност со југословенската идеја, застапувана од македонското политичко раководство, Шарло за време на комунистичкиот режим беше оцрнуван како предавник на македонскиот народ и саботер на неговата борба за ослободување. Дури во ноември 2005 година, на посебно организиран научен собир во МАНУ, тој беше рехабилитиран како македонски борец. Еве неколку линкови за да стекнете поголемо знаење за Шарло -> http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2840&stID=61352-> http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce596.pdf/20_22_sarlo.pdf-> http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=489&ArticleID=30626 | |
| | | | Методија Шаторов - Шарло | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |