CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
Иво (711)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
@komita@ (690)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
Ane (624)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
S0tE (547)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
Dimce* (431)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
Plavuska (394)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 
ivan4e (111)
Методија Андонов - Ченто Vote_lcapМетодија Андонов - Ченто Voting_barМетодија Андонов - Ченто Vote_rcap 

 

 Методија Андонов - Ченто

Go down 
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Методија Андонов - Ченто Empty
ПишувањеПредмет: Методија Андонов - Ченто   Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeПет Ное 21, 2008 5:45 pm

Методија Андонов - Ченто (познат и како Методи) (18 август 1902 – 24 јули 1957) е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Биографија

Роден е на 18 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов - Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Политичка активност пред Втората светска војна
Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.
Ченто бил од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.
Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Антифашизам

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски - Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Основање на нова македонска држава

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а пред суд е изведен на 19 ноември. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември првиот македонски претседател Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.
Вратете се на почетокот Go down
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Методија Андонов - Ченто Empty
ПишувањеПредмет: Re: Методија Андонов - Ченто   Методија Андонов - Ченто Icon_minitimeПет Ное 21, 2008 5:46 pm

По смртта

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов - Ченто, беше обновен судскиот процес за Методија Андонов - Ченто и на 22 октомври по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

Денес во Македонија постојат негови споменици во центарот на неговиот роден град Прилеп и во скопската населба Методија Андонов - Ченто именувана по него во 1991 година.

Литература

* Фиданка Танаскова „Методија Андонов Ченто“ (1990)
* „Ченто: човек, револуционер, државник“ (1993, зборник)
* Илија Андонов - Ченто „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“ (1999)
* „Методија Андонов-Ченто: документи и материјали“ (2002)
* Ристе Бунтески „Методија Андонов-Ченто: македонски народен трибун“ (2002)
* „Ченто и македонската државност“ (2004, зборник)

Линкови за проширување на знаењата

-> http://217.16.70.245/?pBroj=1542&stID=20150&pR=7

-> http://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce565_566.pdf/22_24_cento.pdf

-> http://www.vest.com.mk/default.asp?id=43679&idg=3&idb=661&rubrika=Revija

-> http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/metodija-andonov-cento

-> http://makedonium.blog.com.mk/node/72117

-> http://www.star.taratur.com/node/929
Вратете се на почетокот Go down
 
Методија Андонов - Ченто
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Боби Андонов
» Методија Патчев
» Методија Шаторов - Шарло

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија :: Личности од историјата-
Отиди до: