Роден е на 12 декември 1865 година во Охрид. Основното образование го добива во Охрид и Струга а средното во Солунската машка гимназија. По завршувањето учителствува во Охрид, Битола, Солун и Одрин. Во редовите на ВМОРО се вклучува уште од нејзиното основање. Од 1899 година е еден од раководителите на Организацијата во Охрид. Делегат е на Смилевскиот конгрес во 1903 година каде што е избран за началник на охридскиот реон.
За време на Илинденското востание тој е член на Горското началство во Охрид и дејствува со чета во реонот на Дебарца.
По востанието се повлекува во Бугарија.
Умира на 30 јануари 1945 година во Охрид.