CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Марсејскиот атентат Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Марсејскиот атентат Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Марсејскиот атентат Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Марсејскиот атентат Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
Иво (711)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
@komita@ (690)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
Ane (624)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
S0tE (547)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
Dimce* (431)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
Plavuska (394)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 
ivan4e (111)
Марсејскиот атентат Vote_lcapМарсејскиот атентат Voting_barМарсејскиот атентат Vote_rcap 

 

 Марсејскиот атентат

Go down 
2 posters
АвторПорака
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Марсејскиот атентат Empty
ПишувањеПредмет: Марсејскиот атентат   Марсејскиот атентат Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 2:13 am

Поминуваат 65 години од настанот кој го потресе светот на 9 октомври 1934 година во Марсеј. Меѓутоа во нашата историја овој настан беше скоро целосно минимизиран, а уште кога не би бил овој настан опеан во познатата народна песна , ние за овој настан би знаеле колку што знаеме за охридското и тиквешкото востание година, туку речи ништо. Од овие причини правиме обид барем малку да појасниме што се случило тие денови во Марсеј и кој стоел зад организацијата и резлизацијата на овој настан.

После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрбските монархистички кругови под раководството на крал Александар. Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. "Интегрална Југославија", согласно којашто србите, хрватите и словенците се објавуваат за единствен три имен народ, а за македонците кој ги нарекуват "прави срби" и за црногорците воопшто збор не станува. Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување. Со конституцијата од 1921 г. се озаконува српската раководна ролја на државата. Југославија се претвора во воено-полициска држава, со корумпирана администрација, полициско самоволие и беззаконија, во којашто се спроведува угнетувачка политика спрема несрбските народи.

Од денот кога хрватите се согласуваат да ја сврзат судбината со браќата од шумадија, тие изминуваат еден многу долг пат, додека се обидат со сите мирни, демократски средства за соработка со србите и додека се потроши до последна капка нивното трпение. Во 1921 г. Хрватските политички партии се обединуваат во еден блок, на чело на кој застанува водачот на хрватската селска партија, познатиот општествен работник и политичар Стјепан Радич. Тој започнува активна дејност за федеративно поредување на државата, разобличувајќи ја големосрбската антидемократска политика. Неговата девиза е: "Бог и Хрватска". Во 1922 г. Радич испраќа до Светската конференција меморандум против српската тиранија, за кое што србите нема да му простат. Така на 20 јуни 1928 г. Во Скупштината српскиот пратеник Пуниша Рачич го застрелува Радич. Ова страшно злодело побудува голема возбуда меѓу народот. Денови со ред протестни демонстрации ја брануваат Хрватска. Знамето на борбата за слободна и независна Хрватска го прифаќа д-р Анте Павелич, формирајќи ја хрватската револуционерна организација "Усташа". Хрватска и Македонија, преку своите национални револуционерни организации "Усташа" и ВМРО , се обединуваат во ист фронт, лице в лице со заедничкиот непријател. Како резултат на оваа соработка доаѓа до настанот кој го опишуваме во следните редови.

На 9 октомври, 1934 г. југословенскиот крал Александар пристига на бродот "Дубровник" во Марсеј на свјата прва официјална посета на Франција. Целта е да се демонстрира пред светот цврстиот сојуз меѓу двете држави. Тоа станува во време на оживена дипломатска дејност меѓу европските држави и на случки, кој што постепено го трасират патот кон Втората светска војна. Домаќините се потрудиле посетата да придобие голема свеченост. Ескортиран од миноносци на француската средоземна ескадрила, бродот ја фрла котвата на белгискиот кеј. Од древното марсејско пристаниште одекнуваат артилериски плотуни, на кој возвраќаат од "Дубровник". На неговата палуба се качува француска делегација, водена од министерот на морските сили Пиетри, кој што ги поздравува гостинот од името на францускиот претседател. Во адмиралска униформа кралот слегува на брегот, каде што го пречекува францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Поздравниот говор го чита генерал Жорж, кој се борел рамо до рамо со српската војска за време на првата светска војна на солунскиот фронт. Потоа кралот влегува во автомобилот кој го очекува и се упатува кон општината, каде што го очекува официјален пречек. До него седнува Барту, а на резервното седиште - генерал Жорж. Шоферот почнал да свири, за да можат граѓаните на Марсеј да го видат и да го поздрават високиот гостин. Во следната кола се југословенскиот министер за надворешни работи Јевтич и францускиот министер Пиетри. Следуваат луѓето од кралската свита и одборот за пречек. Поради проблеми од морска болест, кралица Марија патува со воз. Нервозна атмосфера натежнува над гостите и домаќините. На бледото лице на кралот се изцртува умор од патувањето по бурното море и една внатрешна напнатост и страв од атентат. Можеби жалел, што не го послушал камердинерот да носи заштитна кошула, како при посетата во Бугарија. Барту се труди да го потисне своето неспокојство. Веќе неколку дена во Париз се наслушнуваат гласови за возможен атентат, како што пишувало на страниците на весниците "Пари миди" и "Пари соар". Особено силно е неспокојството меѓу кралската свита. Шефот на кралскиот двор изненаден констатира, дека мерките превземени за заштита на кралот се сосема недоволни. Од двете страни на патот, по кој што минува кордонот, се поставени околу 1500 полицајци и агенти, но непосредната заштита на автомобилот е оставена на двајца коњанички офицери. Во последен момент, од непознати причини, се менува решението кралскиот автомобил да го прати одред мотоциклисти.

Кордонот се движи по средината на улица "Ла Канебер" со брзина на пешак. Тротоарите се исполнети со граѓани. На некој места се слушат аплаузи, на други – исфиркувања. Колоната веќе навлегува на плоштадот пред пазарот. Часот е 4,20 после пладне. Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, кој што притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи "Вив л роа!"(Да живее кралот), скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. Прв се обидува да го оттурне атентаторот генерал Жорж, но неколку истрели го кутнуваат на седиштето. Шоферот го запира автомобилот. Во тоа време полковник Пиоле со брзо движење успева да го успокои и заврти коњот и со сабјата му нанесува два удари на атентаторот, кој што паѓа на улицата и продолжува да пука. Полицајци кој го заштитуваат кралот исто така отвараат оган по него. Настапува невиден хаос. Полицајците го оттргнуваат од разјарената толпа атентаторот, му ги врзуваат рацете и го повлекуваат кон најблиската полициска станица, каде што го повргнуваат на сослушување и тортура. Тоа продолжува до вечерта. Во тешка состојба, тој со последните сили моли да го остават, а да му укажат прва помош на настраданите во атентатот.

Куршумите упатени кон кралот Александар се покажуваат смртоносни. Уште во автомобилот тој ја губи свеста. Го пренесуваат во префектурата, каде што после неколку минути умира. Министерот за надворешни работи Богољуб Јевтич покасно ќе разгласи, дека божем во последните секунди на својот живот кралот прошепнал "Чувајте ми Југославију!", А францускиот "Тан" ќе го доукраси кралскиот завет со: "Пазете ми ја Југославија и пријателството со Франција!". Така следбениците на Александар Карагеоргевич ќе ја дополнат митологијата на големосрбизмот со уште една легенда.

Во настанатат гужва над Барту се укажува прва помош, но неговата состојба се влошува и заедно со паднатиот во бесвест атентатор со санитетско возило е пренесен во најблиската болница, каде што му се прави успешна операција, но неговото срце не издржува и тој умира.

Наспроти тешкото ранување генералот Жорж после 5-месечно лекување оздравува, а за настанот покасно си споменува: "Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен."

Без да дојде во сознание, атентаторот умира во 8 часот вечерта во болницата. Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петер Келемен, револвери "Маузер" и "Валтер" и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза "слобода или смрт". Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.
Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Марсејскиот атентат Empty
ПишувањеПредмет: Re: Марсејскиот атентат   Марсејскиот атентат Icon_minitimeСаб Ное 22, 2008 1:56 pm

Ke биде ли песнава прифатена или не . За атентатот над Кралот АлександарТука
Вратете се на почетокот Go down
 
Марсејскиот атентат
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Имало ли обид за атентат на Груевски? И зошто нема уапсени?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Наша мила Македонија-
Отиди до: