CoolZone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
CoolZone

кул форум за кул луѓе
 
HomeHome  CoolzOne PortalCoolzOne Portal  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  
Промена на поддршката
Сегашна поддршка:
Latest topics
» Imitrex Cluster Headaches
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 3:47 pm by Гостин

» Buy generic cialis online now
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:44 pm by Гостин

» Oncologists Not Providing Enough Information About Palliative Care
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 11:12 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico in italia disfunzione erettile
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 9:52 am by Гостин

» Comprare Viagra. viagra generico differenze
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 7:11 am by Гостин

» Dating mount sterling. Dating line new york 20.
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:54 am by Гостин

» Homoepathic Medicines And Treatment
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Aвг 04, 2011 2:00 am by Гостин

» casino poker video
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 3:56 pm by Гостин

» мобимет знакомства
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:43 pm by Гостин

» Wellnigh as cut-price as files
Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Aвг 03, 2011 12:18 pm by Гостин

Top posters
Go Ka (2188)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
[G]irL4[E] (1887)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
Иво (711)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
@komita@ (690)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
Ane (624)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
S0tE (547)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
Dimce* (431)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
Plavuska (394)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
viktor_mak (180)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 
ivan4e (111)
Хороскоп - Page 2 Vote_lcapХороскоп - Page 2 Voting_barХороскоп - Page 2 Vote_rcap 

 

 Хороскоп

Go down 
+12
@komita@
Mr V
Ane
Dimce*
Иво
ivan4e
MengelE
Plavuska
S0tE
ivana
Go Ka
[G]irL4[E]
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
Dimce*

Dimce*


Male Број на мислења : 431
Age : 35
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Окт 31, 2008 6:39 pm

Еј битно девиците се у предност,хаха cheers оле оле оле никој ни нема рамни на форумот хаха,али чекам да се најдат повеќе,да правиме битки во хороскоп хаха кој е подобар Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://dime-top.hi5.com
S0tE

S0tE


Male Број на мислења : 547
Age : 31
Локација : Prilep
Registration date : 2008-10-22

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Окт 31, 2008 6:42 pm

море море море ај че видиме @@:
Вратете се на почетокот Go down
http://sotezs7.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Окт 31, 2008 6:44 pm

Dimce* напиша:
Еј битно девиците се у предност,хаха cheers оле оле оле никој ни нема рамни на форумот хаха,али чекам да се најдат повеќе,да правиме битки во хороскоп хаха кој е подобар Very Happy
стално сакаш да се докажуваш Razz
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСаб Ное 01, 2008 12:56 pm

Докажан си е диме хехе А риба нема ниту една изгледа, само јас...нвм има време, ќе се зачлени некој нов, па тогаш ќе видите..ако ако Sad
Ама знакот е парен: пиби така што има две ЛоЛ Smile
Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСаб Ное 08, 2008 4:10 pm

еј како што глеам мене ме нематеееее хахаха јас сум Близнак уфффф многу се гордеам Smile незнам некои викаат близнаците дволични али нема врска тоа се лаги зависи од карактерот на човекот нели еј..Smile
Вратете се на почетокот Go down
tamara




Број на мислења : 41
Registration date : 2008-11-08

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Ное 12, 2008 12:45 am

jas sum rak
Вратете се на почетокот Go down
Dimce*

Dimce*


Male Број на мислења : 431
Age : 35
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Ное 12, 2008 2:13 am

еј близнак комита...интересно инаку да близнаците сите зборат дека се дволични...но сепак се зависи од човекот и од неговиот карактер...посебно ти комито си иксрен и чесен...не си од тие со две лица,те знам јас убаво... Wink sunny позз
Вратете се на почетокот Go down
http://dime-top.hi5.com
ani4ka




Број на мислења : 25
Registration date : 2008-11-11

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Ное 12, 2008 2:16 am

Во хороскоп наш Smile сум Јарец а во подзнак сум Риби.....за друго незнам....
Вратете се на почетокот Go down
Dimce*

Dimce*


Male Број на мислења : 431
Age : 35
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeСре Ное 12, 2008 2:26 am

до сега значи дека има две девици,шкорпии и две ваги,кој што доминираат... како многубројни во хороскопот одоносно меѓу хороскопските знаци.... rendeer
Вратете се на почетокот Go down
http://dime-top.hi5.com
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:36 pm

OVEN
Карактеристики : Овенот е прв од огнените знаци и прв знак во зодијакот. Еден е негов омилен број. Со причина, покрет и развиорено знаме сака да влезе во битка, да победи, но сака и да му помогне на секој кој изгледа по малку јадно. Со толку јака физичка енергија на Овенот му е потребен голем простор за својата разиграност и бучава. Се е добро додека работите се движат. Овој знак е премногу нестрплив за да чека нечие допуштање и е премногу самостален за тоа за него да биде од некоја важност.Овенот е импулсивен, своеглав, динамичен. Има најјака енергија, но не е истраен во својата волја. Поседува физичка убавина. Води вечна битка и е во константна активност. Љубител е на спортот и секој вид физичка активност.

Љубов : Овните можат да посакаат многу жени, и тоа не само заради убавиот изглед, убавите манири, туку и поради темпераментот. Нажалост, за многу останува недостапен. Како што многу бара од себе, така бара и од партнерката. Во друштво да е дама, во кујната-куварка, а во креветот-љубовница. Жената овен од мажот очекува да и одговара и физички и душевно. Во сексот се нестрплини и агресивни. Се сакаат сега и веднаш, па и секс.Сакаат секс без предигра и ексцентрични пози. Љубов не покажуваат со збор, туку со дело.

Пријателство : Овенот се бори за правда и фер игра. Не ги разбира оние кои имаат долготрајни проблеми, и не сака да се менува и да делува на нив. Сака да биде во друштво со луѓе кои се полни со дух, баш онакви каков што е и тој. Овенот е инспирација за другите луѓе и му се допаѓа кога ќе види дека неговите пријатели стануваат поодлучни и појаки посматрајќи како тој управува со својот живот.

Работа : Идеална работа за Овенот е онаа во која може да биде самостален и работа која секогаш нуди некој предизвик.

Занимања: политичар, адвокат, инжинер, комичар, војник, хемичар, астроном, хирург, фризер, месар

Гардероба : облека која овозможува слободно движење, но убав изглед. Сака детаљи, живи бои а омилена боја му е црвена.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:36 pm

BIK
Карактеристики : Бикот е прв од земјените знаци. Близок е на копното и природата. Колку време што му е потребно на дрвото да порасне, толку долго Бикот го чека она што му е навистина важно. Тоа може да се нарече инзвонредна трпеливост, или пак тврдоглавост. Овој знак своите сетила сака да ги задоволи со добрта храна, цвеќе со сладок мирис, нежни ткаенини, и сето тоа со многу, многу пари. Бикот е многу благ додека не го испровоцираат, а тогаш е најдобро да се побегне зад најблиската ограда. Дел од телото поврзан со овој знак е вратот, но и подрачјето на грлото, често има прекрасен глас за пеење или зборување.Бикот е стабилен, истраен, трпеливм и инертен. Има исклучително јака волја. Го сака домот и семејството.Склон е на материјално стекнување. Не се откажува лесно. Сака луксузни предмети, накит и убава облека. Може да биде изразено убав или грд.

Љубов : Биковите ги земаат од животот сите радости и задоволства и несебично се трошат. Нивна девиза е: После мене – потоп. Зборот љубов го пишуваат со големи букви и бараат партнер со кој можат да остварат блискост. За нив многу се важни милувања, предигра и секс. Сакаат подароци, интимна атмосфера, паѓаат на музика и пијалок.

Пријателство : Бикот има отворена природа, и тоа е најдобар повик на пријателство. Се обавува чекор по чекор, а кога ќе одлучи на некој да му стане пријател, никој не може да го оттргне. Верен е но и посесивен. Не се работи за тоа дека сака да ги поседува луѓето, туку не му е баш драго кога тие прават нешто интересно со други луѓе, а тој не е дел од тоа.Потребни му се луѓе на кои може да се потпре, а не непредвидливи и чудни. Ако пријателите му се предани, доверливи и топли, секогаш ќе биде крај нив.

Работа : На Бикот му е потребна работа која нуди стабилност, не бегаат од одговорност, но работата мора да му донесе материјална стабилност, зошто за Бикот „да бидеш добро“ значи да имаш многу пари, па од таа причина непрестајно ќе трагаат по работа која ќе им донесе материјална сигурност.

Занимања: моден креатор, цвеќар, уметник, механичар, слаткар, трговец, економист, сликар,музичар.

Гардероба : облеката за Бикот мора да биде мека, од природни материјали и лесна.Важни му се стилот, комоцијата и најважна цената. Цветни работи, памук, свила, и лен, на него добро изгледаат, а омилени бои му се: зелена, розева и сина.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:37 pm

BLIZNACI
Карактеристики : Близнаците се први од воздушните знаци. Тие се радознали и зборлести. Секогаш постојат стотина работи кои излегуваат од нивниот ум. Речениците кои се типични за Близнаците почнуваат со зборовите : Како? Зошто? Каде? Овој знак може да биде дупло активен, дупло зборлест. Близнаците се друштвени, брзи, радознали, спретни, комуникативни. Може да работат повеќе работи истовремено. На лицето имаат маска. Го сакаат знаењето поради самите себе.Изгледот и духот им се доста младалачки.

Љубов : Близнаците се трудат своите идеи да ги пласираат насекаде, па дури и во љубовта. Секогаш се во потрага по најдобрата варијанта.На тој начин остануваат вечно млади. Тие не знаат да мразат, но и љубовта не им е длабока. Нив не ги интересира еросот, туку површен флерт, и брзо се задоволени. Се прават набрзина, па и „онаа работа“. Вистинската жена тешко може да ја возбудат и задоволат.

Пријателство : Близнакот е дрдорлива друштвена особа, па луѓето кои го поминуваат времето со нив се чувствуваат одлично.Обожава да има многу пријатели со кои може да ги сподели мислите. Затоа што живеат во ладна, воздушна сфера на умот, пријателите се малку збунети од нивниот недостаток на сочувство.Ако ги прашаат за совет ќе имаат многу добри идеи и предлози. Може да разговараат баш со секого и притоа да се забавуваат (барем некое време) но пријателите со кои сакаат да бидат подолго мора да бидат досетливи и забавни, и не смеат никогаш да бидат досадни. Најсреќни се додека зборуваат.

Работа : Работата од соништата мора на Близнаците да им понуди променлив распоред. Потребно им е излегување и средби со луѓе, учење нови вештини и секојдневно менување на рутината. Близнакот и по малку површен со парите и тие никогаш не му се во прв план. За него најважно е да најде работа која навистина ќе го стимулира.

Занимања: правник, економист, математичар, писател, научник, шахист, кошаркар, уметник,водител, наставник, поштар, трговец, службеник, занаетчија

Гардероба : Сака да се облекува малку поинаку од вообичаеното, но облека која не бара посебно одржување. Му одговараат пругасти,точкасти ткаенини со ситни детали, а негови бои се светло сива, светло жолта, лилава.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:37 pm

RAK
Карактеристики : Ова е прв воден знак, чувствителен и грижлив. Сеедно дали е маж или жена, Ракот е идеална мајка на зодијакот, секогаш прирака во кризи, полн со сочувство. Ракот на свој внимателен начин сака да ги штити и осигура сите работи и луѓе што ги сака. Делови од телото поврзани со овој знак се градите и стомакот, што зборува за потребата да се грижат за другите, но очекуваат внимание за возврат. Ракот е таинствен и предан. Има бујна фантазија. Мајчински е нежен. Го сака домот и семејството. Има слаба волја, склон е на пиење. Обично мајките ги гушат со преосетливоста. Тој е најемотивен знак. Има јака имагинација.

Љубов : Ракот е најтаинствен знак под влијание на Месечината. Дури е слободен има стална потреба за промени и авантури. Во трајна врска е верен, љубоморен и не ги покажува своите емоции отворено. Бара силен партнер кој може да ги задоволи неговите големи интимни потреби.Паѓа на музика, пијалок и пригушено светло.

Пријателство :Потребно е да се чувсвува потребен. Оној кој ќе му рече на Ракот дека му е неопходен, ќе заземе посебно место. Има ладна рака која олеснува главоболки, и способност да утеши некое скршено срце. Многу нежност, грижа и толеранција се потребни за неговото променливо расположение. Роден е под влијание на месечината, и лицето го менува почесто од неа. Несигурноста го прави мрзоволен и зависен од другите. Пријателите кои му значат, мора да покажат колку им значи тој нив, и таквите се поканети во неговиот оклоп.

Работа : Без разлика на тоа која работа ќе ја изберат, Раковите е важно да почувствуваат пријатна атмосфера и да се сигурни во вредноста на тоа што го работат. Кога се чувствуваат добро, полека се движат и превземаат одговорност. Парите им се многу важни и ништо не го грее како убава, дебела сметка во банка. Затоа најчесто немаат тешкотии со штедењето.

Занимања: фотограф, актер, морнар, угостител, историчар, писател, сликар, молер, трговец, патник, економист, професор.

Гардероба : На ракот му се допаѓа удобна облека, а природните влакна и нежни бои најдобро му прилегаат. По малку се воздржува од невкусни додатоци и накит. Најдраги бои: бела, крем и светло зелена.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:38 pm

LAV
Карактеристики : Ова е вториот огнен знак. Огнот е секогаш полетен и за Лавот е секогаш најважно патот пред него да е осветлен со виножито. Кога сонцето сјае ќе има забава и смеа бидејќи Лавот сака да биде разигран и срдечен, но кога животот ќе го прекријат облаци овие луѓе се способни да направат драма од нешто што не е ни криза. Можеме да мислиме на симболот лав како на суштество со глава и грива од лав, кралот и кралицата на џунглата. Кралевите и кралиците можат да владеат мудро и креативно или можат само да бидат шефови и тврдоглави.Лавот се спротивставува на идејата да биде обичен. Сака да биде во центарот на вниманието на чело на акцијата. Го сака животот, сака деца, власт. Сака да заповеда и да гњави. Авторитетен е, широкограден и отмен. Со годините го губи животниот елан. Делот од телото поврзан со овој знак е срцето и тоа многу ни кажува за лавовската широкоградност и топлина. Како што срцето ја тера крвта до сите делови од телото, така и лавот се обидува да ги охрабри и мотивира сите околу себе.

Љубов : Лавот секогаш сака да биде прв во се, па така и во љубовта. Многу бара од другите луѓе, од самиот себе и од саканата особа. Ако лавот засака вистински, а тоа се случува често, тој сака длабоко и комплетно.Повеќе се држи до честа отколку до еротиката. Гордоста никогаш не ќе му дозволи понижување на еден лав, па дури ни од посебната особа. Никој од него не треба да очекува пристојност ако јавно или приватно го занемарува или вреѓа. Љубовта е со Лавовско срце, забавна драма и ако добие многу чувства и внимание, ќе направи се што може за да биде магична, романтична и поголема од животот. Не е среќен со песимистичка особа која неговата виталност ја збунува, а ентузијазмот плаши. Затоа е поубаво да најде некој кој се смее на неговите шеги, ракоплеска на неговата желба за живот и кој ќе го цени неговото големо и блескаво Лавовско срце.

Пријателство : Срцето на Лавот е големо како палата. Никогаш не е ситничав или шкрт. За Лавот е невозможно да биде близок со некој кој ја испитува неговата добрина или му подарува подароци чија цена е толкава колку што тој потрошил на него. Повеќето луѓе сакаат пари, Лавот посебно ужива во големите и дарежливи постапки. Ако е без пари се чувсвува помалку сиромав. Но неговите вистински пријатели не се со него поради она што тој им го купил – тие го сакаат заради него самиот.Лавот треба да пронајде луѓе со кои ќе може да биде отворен. Кога Лавот навистина чувствува самодоверба, зрачи со топлина која ги воодушевува сите во близина.

Работа : Со неговиот талент за организација и вродената смисла за водство, местото на шеф идеално му прилега. Што повеќе авторитет , тој е позадоволен – посебно кога другите луѓе се грижат за тековните ситуации, додека тој ја создава визијата. Се дотогаш додека не се помири со тоа ќе биде среќен градејќи го успехот на едно место.Парите му се многу важни, затоа што не може да поднесе ситуација во која себеси неможе да си дозволи некој луксуз; затоа мора да се осигура со повеќе приходи.

Занимања: организатор, шеф, политичар, уметник, актер, банкар, златар.

Гардероба : Лавот носи помалку драматична облека, свесен како во неа изгледа со некои посебни додатоци. Секоја боја добро му прилега, но најмногу му одговараат нијансите на жолта и златна.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:39 pm

DEVICA
Карактеристики : Девицата сака да работи и во работата е прецизна и усмерена на поединости кои носат совршени резултати. Проблемот е во тоа што овој знак е плашлив и критичен толку колку што е добар работник, па затоа е мала веројатноста себеси да си даде висока оценка. Девицата има посебен дар да им служи на другите. Исто така е заинтересирана за телото и чување на здравјето. Цревата се органите кои се поврзани со овој знак, веројатно заради нивниот сложен облик, како и заради многу брзото реагирање на страв. Девицата е прецизна, совесна, пожртвувана, рационална и недоверлива. Одличен соработник на кој секогаш можеш да се потпреш. Повеќе верува во разумот, отколку во интуицијата. Свртена е кон здравјето, земјоделството но и кон уметноста.Живее од сопствен труд.

Љубов : Девицата не е подготвена на разлики посебно не во љубовта. Нејзин главен советник во животот е разумот. Во интимни односи стапува после детална анализа. Еросот е без топлина, страста често одглумена. Од партнерот бара повеќе отколку што може да пружи. Голема среќа ретко и се насмевнува.

Пријателство : Значајни пријатели на девицата се паметни и духовити особи, а на дното на списокот се пријателите кои сакаат да ја изненадат, било тоа да е со добри или лоши намери.Нејзината природа мрази кога е затекната на спиење, станува вознемирена истиот момент кога ќе го забележи натрапникот. Блиските пријатели секогаш ќе можат да се потпрат на нејзината интелигенција и љубезност. Никогаш не е сентиментална или восхитена, но има јасна претстава и остроумни шеги.

Работа : За Девицата работата е од витална важност, и таа ќе има што да прави дури и на одмор. Рутината ја опушта, и многу е посреќна кога работи во тишина, отколку пред осветлени рефлектори. Не бара да биде главна, но потребна и е стабилна,ментално освежителна работа која осигурува користење на оштро око и сигурна рака. Со парите постапува разумно, парите не ја мотивираат па дури и да пронајде кокошка која неси златни јајца, Девицата не престанува да работи.

Занимања: Фармецевт, трговец, писател, јазичар, пијанист, сликар, актер, спортист, правник

Гардероба : Девицата се чувствува сигурно и елегантно во добро скроена и не премногу нападна облека. Нежни тонови најдобро и одговараат, а нејзини омилени бои се светло кафеава, сина и сива.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:39 pm

VAGA
Карактеристики : Вагата е втор воздушен знак. Таа сака се да биде совршено, ако си доволно долго со неа ќе те претвори во уметничко дело. Физичката убавина не е единствено важна за овој знак. Симболот на Вагата е попречен лост со два изедначени таса. Поточно како што вагата ги мери работите, така и овој знак ја испитува секоја страна на аргументите со намера да ги урамнотежи ставовите. На Вагата и е многу тешко да се препушти на емоциите, зошто таа сепак е воздушен знак- но не е ни така лошо во изобилството од вознемирени гласови повремено да имаш еден смирен и разумен. Вагата е поврзана со бубрезите тие се во средиштето на телото и помагаат во прочистувањето на крвта. Внимателна, мери се, хармонична, и како таква Вагата добро се сложува со другите. Таа е голем естетичар. Поседува убавина, грациозност. На работа е дипломат, а во куќата нетактичен. Ја сака тимската работа. Елегантна е и има добар вкус.

Љубов : Вагата е способна да го шармира секого, па затоа потенцијалните партнери треба да стојат во редица пред нејзината врата. Многу се неодлучни и започнуваат врска која за нив претставува вистинска мака. Лошата волја ги прави болни, а лошото однесување од страна на другите кај Вагите предизвикува чувство на гадење. Добриот изглед е најважен, а нивниот шарм е неодолив. Зад розевите очила кај Вагите се наоѓа бистар ум, кој се стреми да најде смисол во секој проблем,и едно нежно чувствително срце кое највеќе од се на светот сака да биде заљубено... Вагата вештината за живеење ја постигнува рано. Го сака сјајот, раскошот, па се труди да најде богат партнер. Како партнер е верна, така да, неправда и неверство тешко опростува.Длабоко е емотивна, и во интимни односи стапува од чувства. Повеќе е емотивна, отколку страсна, оргазам доживува и по пат на допир.

Пријателство : Вагата е роден дипломат, се што работи сака да го работи во пар. Сака да ги споделува идеите и да расправа за големи животни теми, се додека разговорот не оди во премногу лични и незгоди подрачја, и да го загрози пријателството.Пријателите на вагата би требало да бидат толерантни, привлечни, зборлести и многу убави, а ако долго чекаат на некоја нејзина одлука и заради тоа наддаваат никогаш не ќе можат да му се спротивстават на нејзиниот исклучителен шарм.

Работа : За Вагата луѓето со кои работи се еднакво важни како и работата што ја работат.Заради тоа за неа е многу важно да пронајде пријатна атмосфера за работа. Сака да ја дели одговорноста, со партнерот и својата работна екипа да донесува заеднички одлуки. Парите и се потребни за својот живот да го наполни со убави нешта, но никогаш нема да работи со лоши луѓе за да стане богата.

Занимања: правник, судија, актер, пејач, политичар, сликар, пијанист, дипломат, архитект, воспитувач, професор.

Гардероба : Вагата сака да биде елегантна и прилично смислено ги комбинира разните делови на облеката. Иако нејзините омилени бои се розева и сина, таа ужива да се облече во црно-бела комбинација.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:40 pm

SKORPIJA
Карактеристики : Шкорпијата е втор воден знак. Тоа што е најважно кај неа, не може да се види на прв поглед...за да се открие нејзината права личност, мораме да видиме под површината на водата, за да ја здогледаме. Значи она што е најважно кај неа не е веднаш видливо, туку се наоѓа длабоко во неа. Има енергија вредна за стравопочитување. Има моќ да продре до суштината на работите, но исто така умее да го касне срцето на некој друг човек , баш како опашката од шкорпијата. Со Шкорпијата ги поврзуваме сексуалните органи, без кои нема нов живот. Шкорпијата поседува јака волја, динамична е, сконцентрирана, упорна и сериозна. Ја привлекуваат предизвици. Загонетна е, таинствена и мрачна. Прави се за пријателите, но на спротивниот пол не му верува. Нејзина девиза е „Се или ништо“.

Љубов : Очите на Шкорпијата се првото нешто што го привлекуваат спротивниот пол. Чувствата вешто знае да ги прикрие и никогаш не може да се забележи што Шкорпијата крие во своето срце. Молчењето е едно од нејзините оружја,но мора да научи да има самоконтрола, затоа што љубомората секогаш ја „вади од такт“ и тогаш секоја Шкорпија почнува да „врие и чади“.Шкорпијата сака да биде прва и единствена под паролата „се или ништо“. Во врската се сфаќа пресериозно. Значи, Шкорпијата е симбол на страст, перверзија, љубомора. Својот плен со никого не го дели, од никого не бара совет. Добро знае колку вреди и што бара. Нејзината љубов е длабока како океан, цврста како карпа, и бурна како планински поток. Партнерот го заведува со силен ерос. Љубовта, како и животот воопшто сака да ги почувствува до самото дно.

Пријателство : Шкорпијата ужива да влегува во мрачните и скриени подрачја на умот од другите, но од неа никој ништо не може да извлече.И треба повеќе време да стекне доверба во новите пријатели. Во случај нејзиниот пријател да ја изневери довербата, не се откажува додека не се освети. И требаат јаки пријатели кои ќе ја почитуваат нејзината потреба за приватност. На љуѓето ги привлекува харизмата која ја има Шкорпијата, но исто така ги иритира нејзината претерана тврдоглавост.

Работа : Своето време Шкорпијата не сака да го троши на површни работи, така да треба да побара работа која ќе го поддржува нејзиниот аналитички ум. Без напор умее да преземе контрола над работите. Секогаш и се потребни многу пари, но ако упадне во својата фаза „се или ништо“ може да крене раце од се и да живее многу повлечено и скромно.

Занимања: финансиери, психијатри, детективи, адвокати, шпиуни, спелеолози, трговци

Гардероба : Шкорпијата сака да биде елегантна и неодолива и добро се чувствува во материјали кои го истакнуваат нејзиниот стас. Сите работи добро ги чува и одржува. Најдраги бои и се темноцрвена и црна.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:42 pm

STRELEC
Карактеристики : Стрелецот е последен огнен знак и поседува сопствен погон. Непрестајно се движи кон следниот хоризонт. Тоа значи дека се во еден период од животот се движи и преместува од место во место, а подоцна се движи кон непрекинато учење за се што на светот може да се изучува. Тоа не значи дека тој е досаден стар фосил со книги, неговата куќа е преполна со оптимизам и голема среќа. Делови од телото на кои се однесува овој знак се колковите и бутните мускули.

Овој знак ја сака големината и се што прави, прави во голем стил. Ја сака слободата, ентузијаст е , и духовит. Спортски тип, има огромна енергија и јак либидо. Ги сака патувањата, филозофијата, образованието. Го прати среќа.Вообразен, сноб, но секогаш на страната на законот.

Љубов : Заљубениот Стрелец, стелата го погаѓа директно од Купидоновиот лак.Директен е, храбар, и го возбудува помислата на олуја во која се освојува ново срце. После првите интересни моменти, може да почне да се повлекува, особено ако се почувствува непријатно. Тој мора слободно да доаѓа и да си оди кога што ќе посака, а доволно е искрен тоа да им го соопшти директно и на лицата од спротивниот пол. Оној кој во срцето на Стрелецот сака да се вовлече со измама, или случајно залута таму, многу се лаже, зошто тој ќе истрча што подалеку од таквата особа. Не може да оддолее на бистроока особа која е тоа што е, и од која може да добие се она што дава. Го привлекуваат луѓе кои се поискусни и од кои може нешто да научи. На саканата особа доколку е во депресија, и помага со покажување на смешната страна од таа ситуација. Стрелецот никогаш нема да ја изгуби љубовта спрема животот, затоа не треба да се плаши од своето или туѓото лошо расположение. Стрелецот најповеќе сака да мечтае, планира, патува, работи, зборува, зборува и зборува...Рано го пробува „забранетото овошје“.Умее да ужива во сексот, како и во останатите подрачја од животот, затоа што тој е најеротскиот знак во зодијакот. Првата љубов ја споредува со втората, петтата со десеттата. Потрагата трае цел живот. Но, судено им е да бидат со првата љубов. Иако мислат дека не се еден за друг, судбината секогаш ќе ги спојува.

Пријателство : Пријателството од Стрелецот е отворено и искрено, и многу му замеруваат дека не е доволно тактичен, но неговото срце е само искрено. Кај него е прекраток патот од тоа што го мисли до она што го кажува. Секогаш е во потрага за возбудувања, па сериозни и нервозни луѓе кои се плашат од промени, не му се баш најдобри пријатели. Потребни му се отворени исреќни пријатели кои нема многу да обрнуваат внимание на она што овој знак им го треска во лице.

Работа : На Стрелецот му е потребна работа кој му пружа доволно простор за развиток и учење. Колку повеќе слобода има, толку е посреќен. Во работата има потреба за самомотивација. Стрелецот е трошајлија и се чини дека парите му ветреат од џеповите. Од таа причина никогаш не му е важно колку заработува, но секогаш сака повеќе...

Занимања: новинари, амбасадори, правници, филозофи, светски патници, судии, лекари, религија, право, припадност во државни и јавни институции.

Гардероба : Стрелецот не сака укочен стил, зошто тој не му дава слобода во движењата. Од таа причина највеќе му одговара удобна облека, која може по потреба да ја направи да делува службено. Омилена боја му е виолетова.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:42 pm

JAREC
Карактеристики : Јарецот е доста поврзан со времето и начинот на кој чувствуваме. Поточно, на овој знак му е многу тешко губењето на време. Тоа што Јарецот најдобро прави е организирање на работите и нивно одржување во целина, без обзир дали се работи за одржување на некоја забава, учество во владата или договарање на некој преглед. Телесни подрачја врзани за Јарецот се коските, кожата и колената. Јарецот е сериозен, амбициозен, тежнее кон успех во подоцнежните години. Истраен е, има јака волја, мудар, несигурен, но и материјалист и себичен. Постигнува се на што ќе се посвети. Не бара признание за себе. Ги контролира чувствата.

Љубов : На Јарецот му е потребна врска во која ќе се чувствува сигурно. Никогаш не го фрла своето срце пред странец од страв најпрво да не го крене нежно со прстите, а потоа да го скрши на илјада парченца. Му треба време да се убеди дека нема опасност да биде одбиен, или недај Боже да испадне смешен. Длабоко под ладното, мирно однесување, се крие топлина. Кога конечно ќе се предаде, со сите свои делови ќе биде поддршка и поткрепа на особата која ја сака. Нема да ужива во друштво од многу млада особа, затоа што сака да биде со некој кој е доволно зрел, кој ја разбира и вреднува тешката работа, и доволно сериозен да го цени неговиот успех за кој навистина се измачил. Јарецот е реалист до срж. Сериозен е, без страст и насмевка. Кај него често врвот на задоволството изостанува и затоа не се препорачува на страсни особи.

Пријателство : Најдобро се чувствува кога работите се под контрола и кога секој се однесува пристојно. Потребни му се пријатели цврсти како карпа, кои влеваат сигурност, и што е многу важно-кои се корисни. Обостраното помагање е начин за напредување, но ако некој е заинтересиран за некого само затоа што може нешто да добие, таквото пријателство ќе се распадне. Јарецот не сака да се предиспонира на јавно место.

Работа : Јарецот е амбициозен и одлучен, па му е потребна работа која пружа прилика на вистински успех. Ако го замолат да преземе одговорност за се, ќе се чувствува многу посебно. Што повеќе работа се очекува од него, толку повеќе сака да работи. Има одлични буџетски вештини, умее да штеди, зошто да се чувствува сигурно мора да има голема сума на пари.Кога купува, сака се најубаво, како би траело подолго, и конечно така би заштедил.

Занимања: ѕидари, градинари, монаси, полицајци, директори, менаџери, уметници, композитори, сликари, вајари, сметководители.

Гардероба : Јарецот се облекува прилично традиционално, и несака необичен изглед. Најсреќен е во класична гардероба со темни бои, која го истакнува неговиот лик. Омилени бои му се црна, тегет и темно кафеава.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:42 pm

VODOLIJA
Карактеристики : Водолијата е трет, и последен воздушен знак. Тој го сака просторот, слободата и независноста. Најлошо што може да му се случи е да го затвори некој во соба која му личи на кафез.Водолијата е непредвидлива, непослушна и снаодлива.Ја сака техниката и секој вид на комуникација со целиот свет...Делови од телото поврзани со овој знак се ножните листови, глуждовите и циркулацијата. Водолијата е индивидуалист, оригинална, неконвенционална, ја сака вистината. Контраверзна е, не може да се фати, лежерна, шармантна, боем и коцкар.Секогаш пласира нови идеи и не поднесува контрола.

Љубов : Особата која ја сака, Водолијата пред се ја сака како најдобар пријател. Овој знак најпрво мора да биде ментално привлечен и не паѓа на заводливи погледи, ако тој услов не е исполнет. Не е љубоморна, ниту посесивна во љубовта. Нејзиното слободно и големо глобално срце може да разбере зошто сите не сме пријатели, но избраникот на нејзиното срце мора да се поднесува со нејзините пријатели. Најдобриот пријател на Водолијата мора да биде интелигентен и самостален, зошто не сака да се потпираат на неа. Тоа што и е потребно е слободата и тоа оној вид кој дозволува да си во врска затоа што тоа навистина го сакаш, а не заради навика. Водолијата е како настинка. Во Вашиот живот влегува изненадно, кога најмалку се надевате. Често не ја разбирате и ја сметате за чудак.Чувствата и се интензивни, но не траат долго. Нивниот ерос е романтичен, изневеруваат поради промена. Партнерот можат да го позајмат на пријателот. Тие се колекционери на љубов и страст. Групен секс кај нив доаѓа во предвид.

Пријателство : Да е тоа изводливо, Водолијата би била пријател со целиот свет. Колку што се луѓето почудни и различни неа и се поинтересни. Се додека има доволно простор за дишење, таа е најљубезен и најкорисен пријател кој можете да го замислите. Ако некој проба да и се приближи повеќе отколку што му дозволува, ќе му сврти грб и ќе замине. И требаат пријатели кои заедно со неа ќе се грижат за човечката врста и сакаат да го променат светот и таквото пријателство ќе трае долго.

Работа : На Водолијата и е потребна работа која ќе го охрабрува нејзиното независно размислување и во која ќе се цени нејзината генијална инвентивност. Што и да работи и треба многу слобода. Иако нигогаш не бега од сопствените одговорности, најдобро и одговара тимска работа. Парите не се најважното нешто при изборот на кариерата-поточно понекогаш е и малку отсутна кога е во прашање секојдневна работа.

Занимања: фотограф, инжинер, сите занимања поврзани со компјутери, режисер, актер, балерина, истражувач, физичар, антиквар, новинар, пронаоѓач...

Гардероба : Не сака да изгледа како останатите, без разлика на тоа колку води сметка за модата. Водолијата може да носи конвенционална гардероба, на различен начин, или може да се облече откачено и упадливо. Омилена боја и е електрично плава.
Вратете се на почетокот Go down
[G]irL4[E]
Модератор
Модератор
[G]irL4[E]


Female Број на мислења : 1887
Age : 31
Локација : pred PC ;)
Registration date : 2008-10-25

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 7:43 pm

RIBI
Карактеристики : Рибите се трет воден знак и последни се од сите знаци. Рибите се нежни како топла вода и лесно можат да се изгубат. Овој знак не е секогаш сигурен во фактите, но затоа и тоа како умее да ги почувсвува нештата.Да бидеш претерано чувствителен и романтичен значи да поседуваш смисол за створувачка магија: музика, сликарство, поезија се вистинскиот начин на самоизразување на овој знак. На нивната одлука секогаш мора да се чека предолго. Овој знак е премногу љубезен за да може да смисли како да повреди некоја особа. Делови од телото поврзани со овој знак се стапалата. Тие ја носат целата тежина на телото и Рибите понекогаш се обидуваат да понесат целиот товар од светот. Рибите се индиректен, загонетен, романтичен, хиперсензитивен, и селективен знак. Иако сфаќа подобро од другите, сака да блефира. Симбол е на универзален човек. Попустлив е, емотивен, но на работа е лидер. Живее во светлото од имагинациите. Има јака интуиција. Визионер е и одличен медиум.

Љубов : Рибата секогаш го бара совршениот партнер. Способна е од најобичен состанок со својот магичен шарм да направи посебен настан, Нејзините чувства се многу блиску до површината и најсреќна е кога може своите најдлабоки чувства да ги сподели со оној кој го сака. Умее да се заљуби во неуспешна и ни малку среќна особа и сака да направи од неа совршено суштество. Кога ќе одлучи да си оди, ќе ги избегне непријатните сцени, и едноставно ќе исчезне. За сериозна врска,на Рибата и одговара романтичен, ранлив, но и доволно јак партнер, да се потпира на своја снага. Во моментите на збрканост, потребна и е грижлива особа која ќе и помогне да ја најде смислата на животот, баш како што и таа на љубовта на својот живот ќе и помогне во секоја тешка ситуација. Совршено суштество не постои, но со малку магија и многу љубов Рибата од неа сигурно ќе направи посебна особа.Рибите никогаш не можат да потонат, од проста причина што се добри пливачи. А за тоа што мислат, што ги интересира, што сакаат , никој нема појма. Срцето им е меко, чувствата нежни. Сакаат да сакаат и да бидат сакани. Во љубовта повеќе даваат, отколку што примаат. Сексот им е благ, без вовед, а еросот загонетен.

Пријателство : Рибата не само што сочувствува со другите, туку чувствува и што некоја друга особа чувствува. Не и прилега да презема иницијатива, многу е прилагодлива, не сака пријатели која ќе ја внесат во досаден, монотон свет, преполн со рутина. Стварноста за нив често е разочарувачка повремено сакаат да се сокријат, посебно ако се наоѓа во состојба на слабост. На нејзините вистински пријатели тоа нема да им смета и стрпливо ќе чекаат да се вратат во реалноста. Луѓето кои и се блиски треба да бидат љубезни и чувствителни, стрпливи и спремни да и се придружат на за неа најволшебните места, каде ништо не е онака како што изгледа.

Работа : На рибите највеќе им одговара работа која им овозможува работа со бавно темпо, без некои груби навики. За неа е најдобро да не е на раководно место зошто тогаш мора да донесува многу одлуки, а тоа значи дека ќе треба да ги вознемирува своите колеги. Кариерата никогаш нема да ја избира според платата, зошто и е многу поважно да биде задоволна со својата работа и тоа што го прави.

Занимања: врзани со болница, социјални установи, уметност, посебно сликарство и глума.

Гардероба : Рибите сакаат да се чувствуваат пријатно и волшебно во гардеробата која ја носат. Досадните работи ќе ги прекројат за да бидат поинтересни. Сакаат антиквитети и стари ситни детаљи кои ќе ги додадат на гардеробата за да и додадат сјај. Нивна омилена боја е морско-зеленa.
Вратете се на почетокот Go down
Dimce*

Dimce*


Male Број на мислења : 431
Age : 35
Локација : Skopje(Topansko city)
Registration date : 2008-10-20

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Ное 14, 2008 2:56 am

фала магде што толку многу се потруди да најдеш целосен хороскоп за сите знаци,инаку тоа за девиците баајќи ми одговара,само тоа со среќата што ретко се насмевнува,се надевам дека барем едно ама вредно ќе ми се насмее среќата во животот... tongue
Вратете се на почетокот Go down
http://dime-top.hi5.com
Go Ka
Модератор
Модератор
Go Ka


Female Број на мислења : 2188
Age : 29
Локација : Струмица
Registration date : 2008-10-22

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Ное 14, 2008 2:58 pm

многу работи се погодени од хороскопот незнам како е можно тоа
Вратете се на почетокот Go down
Ane

Ane


Female Број на мислења : 624
Age : 27
Локација : Скопје,Т0панск0
Registration date : 2008-10-19

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeПет Ное 14, 2008 5:12 pm

се е можно,а ти димче не биди убедлив дека девиците се во предност,тука сме јас и соте lol!
Вратете се на почетокот Go down
@komita@
Модератор
Модератор
@komita@


Број на мислења : 690
Age : 33
Registration date : 2008-10-27

Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitimeНед Ное 16, 2008 2:12 pm

Секоја чест за Магде што се потрудила да најде за сите хороскопски знаци, и навистина многу работи се погодени ... Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Хороскоп - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Хороскоп   Хороскоп - Page 2 Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Хороскоп
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
 Similar topics
-
» Египетски хороскоп

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
CoolZone :: Живот :: Општи муабети-
Отиди до: