Со телото покажете кој хороскопски знак сте Освен
по психичките карактеристики, астролошките знакови се препознаваат и по
изгледот и по карактеристичното држење. Говорот на телото тесно е
поврзан со четирите основни елементи – оган, земја, воздух и вода – под
чие влијание се сите Зодијачки знакови.
ОганОвен
Пристапот
им е самоуверен и одлучен. Овновите се енергични, сигурни и среќни,
соговорникот го гледаат во очи и без извинување го прекинуваат во
зборувањето. Секогаш се туркаат пред другите, одат со брзи и остри
чекори, често со главата нанапред.
Лав
За себе создаваат
слика на возвишеност, посебност и авторитет. Нивниот истенчен смисол за
убаво се очитува на страста со која се грижат за своето тело. Убавината
на мажите Лавови, кој има скоро манијакална потреба да биде во одлична
кондиција, пропорционална е со неверојатната сензуалност за жените од
тој знак.
Стрелец
Можат да бидат необично убави, држењето
им е право, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Благодарејќи
на неодоливата привлечност и скоро животинскиот инстинкт, многу Стрелци
се протагонисти на љубовта на прв поглед. Кога некој ги привлекува,
покажуваат отвоена потреба за негова близина и допир, дури и на јавни
места.
ЗемјаБик
Од
знаковити и речити погледи до мрштење, од сини брчки околу усните до
подигнати веѓи – говорот на лицето на припадникот на овој знак е
тајната на говорот на телотот. Биковите со своите движења и гестови
едвај допуштаат да се покаже нивната сензуалност и еротичност, ако веќе
не постои интуитивно просудување.
Девица
Гестови и мимики
често се сведени на минимум, но она што се гледа доволно зборува. Колку
и да се трудат, понекогаш сепак неможат да ја сокријат внатрешната
нервоза поради која тупкањето и копањето по косата ја разбиваат
извежбаната воздржаност и мирен поглед. Што се поуспешни, емотивно се
постабилни, а движењата им се посигурни и посмирени.
Јарец
Движењата
им се војнички извежбани, но ако јарецот долго го посматраме,
забележуваме промена во држењето кога ќе се појави некој кој му се
допаѓа. Тогаш неговата усредоточеност слабее, па наместо да го впива
секој збор од разговорот, бара да му се повторат последните зборови.
Настаните поврзани со кариерата влијаат на промената на држењето и одот.
ВоздухБлизнаци
По
говорот на телото, тие се едни од најговорливите. Брбливи се и
љубопитни, весели и духовити, живи и некротливи, а со рацете кажуваат
многу како и пантомимичарите. Преместувањето од нога на нога, потребата
постојано нешто да држат или ги прекрстуваат рацете, како и врцкавиот
поглед, кажуваат дека и во најмирните ситуации се вистински деца на
својот владетел, немирниот Меркур.
Вага
Жените Вага
испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и мажот на посебен
начин ќе даде до знаење дека ја забележил секоја жена што поминала
покрај него. Привлекувањето на внимание од спротивниот пол е клуч на
разбирањето на говорот на телото на една Вага – таа сака да се допадне!
Мажот е жив и отворен, а жените пококетни, дистанцирани и насмеани.
Водолија
Сталожената
ладнокрвност на мажот Водолија, кој повеќе не е во најмладите години, е
резултат на некогашните способности на истражување на мислите и
чувствата со бурни гестикулации. Жената Водолија во зрели години зрачи
со мир и толеранција, како контраст на бунтовното држење во младоста.
ВодаРак
Нината
воздржаност и внимание укажуваат на посвесна потреба на разбивање на
околопот, кој е резултат на несигурноста. Во жената Рак сензуалноста
може да се открие со менување на тонот на говорот, цврстите стисоци со
раката, долгите погледи и невоздржани воздишки во најинтимните моменти.
Шкорпија
Говорот
на телото им е непосреден, а сепак таинствен. Начинот на кој се движат
ја издава својата состојба на духот. Во напнатите ситуации усните им се
стиснати, а погледот упатен во непозната насока. Ако за некој може да
се каже дека убива со поглед, тогаш тоа се припадници на овој знак!
Риби
Динамиката
и отвореноста во пристапот кон другите поврзани се со неспособноста да
останат мирни и постојани, дури и кога за тоа им се пружа прилика.
Несигурноста и потребата за сродна душа ги тераат на комуникација и со
потполно непознати личности. Гестикулацијата не им е претерана, туку
згодна и симпатична. Кога се расположени, Рибите весело гестикулираат,
а кога не се, тешко им е да им направите и најмало движење со раката.